09 Октомври, 2024
0.0270

ТИЈАНА ДАПЧЕВИЌ: Мојата втора бременост би можела да се случи исклучиво по природен пат

Објавено во: Стил 18 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Познатата пејачка, актерка и водителка Тијана Дапчевиќ која интензивно се подготвува за своето телевизиско шоу „Вечер со Тијана“ во интервју за специјалното македонско издание на магазинот „Стори“ отворено говори на повеќе сензитивни животни теми, меѓу кои е и вонтелесното оплодување.

- Мојата втора бременост би можела да се случи исклучиво по природен пат. Зачетокот на нов живот е процес што го одредува оној горе, тој е инженер со сини очи. Тоа не значи дека сум противник на таквиот начин, имам доста пријатели што немаа ниедно друго решение, па со вонтелесно оплодување добија потомство. Меѓутоа, Милан и јас, колку и да сакаме повторно да станеме родители, ѝ го препуштаме тоа на судбината – објаснува Дапчевиќ.