16 Мај, 2024
0.0364

Пред истекот на рокот целосно исполнети обрските кон лозарите

„Тиквеш“ заврши со исплатата на откупеното грозје

Објавено во: Мои пари 05 Април, 2018

Добивај вести на Viber

И оваа година, близу еден месец пред крајниот законски рок, Винарската визба „Тиквеш“ заврши со исплата на средствата за откупеното грозје од последната берба.

Заклучно со 5-ти април, исплатени се средствата на лозарите и постигната е средна цена од над 16 денари и максимална цена од над 22 денари за килограм квалитетно грозје. 

„Редовната исплата, како и постигнатите цени за килограм грозје кои се поголеми од препорачаните цени заради високиот квалитет на грозјето, се најдобар показател за стратешкиот пристап што го има „Тиквеш“ во градењето на партнерскиот однос со лозарите што е предуслов за производство на вина со врвен квалитет кои ќе бидат конкурентни на светски вински пазари“, вели генералниот директор на Винарската визба „Тиквеш“, Радош Вукиќевиќ.

Долгорочната соработка на „Тиквеш“ со лозарите, физички и правни лица, се остварува преку континуирана едукација и поддршка при примената на современи агро - технички методи и практики во одгледување и заштита на лозовите насади. На лозарите кои ги почитуваат ваквите стручни совети и упатства „Тиквеш“ им го гарантира откупот на грозјето со висок квалитет и им обезбедува дополнителен бонус при исплатата на грозјето.

Можеби ќе ве интересира

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!

Што да очекувате од пазарот на недвижности во иднина?

Што да очекувате од пазарот на недвижности во иднина?

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка