18 Мај, 2024
0.0428

Тодоров број еден за студентски домови, по него Пешевски и Спасовски

Објавено во: Економија 20 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Никола Тодоров со потпис на предизборни 5,5 милиони евра (325 милиони денари) за 2017 година е потписникот на „најскапата“ програма за реконструкција и санација на студентските домови низ Македонија, што е убедливо најголем издаток за оваа намена од 2006 година наваму. Фактор направи анализа колку пари за студенстките домови се одобрувани по години. 

Тодоров оваа програма за подобрување на условите во „Кузман“, „Стив Наумов“, „Гоце Делчев“, охридскиот „Никола Карев“, штипскиот „Браќа Миладиновци“ и други домови ја потпиша уште во октомври 2016-та, односно пред последните парламентарни избори во декември истата година. Следната година ја реализира техничката и новата влада без да ја изменат сумата.

На второто место е потпишаната програма на крајот од 2015-та за истата година со 104,5 милиони денари одобрена од тогашниот вицепремиер Владимир Пешевски. Од оваа година започнуваат повисоките суми за овие трошоци од околу 100 милиони денари па нагоре, додека се што било исплаќано претходно за градежно одржување на овие објекти е уште понезадоволително со суми што не надминуваат ниту 800.000 евра. 

На трета позиција, според вредноста на предвидената сума за студенстките домови, е програмата за 2018 година одобрена овој месец со потпис од владиниот министер Оливер Спасовски со висина од безмалку 100 милиони денари. Предвидените средства иако се многу поголеми во последните години, тие се недоволни за студентскиот стандард тоа да го почувствува и многу помали во однос на ставките за стипендии, исхрана и сместување кои во последните десетина години бележат континуиран раст од над 200 милиони до над 700 милиони денари во 2018-та

На четвртото место уште еднаш е Тодоров со 98 милиони денари за 2016 година, во кои има ставки за изградба на нови студентски домови на местото на урнатиот „Медицинар“ и за потребите на тетовскиот универзитет, за кои се уште нема реализација.

Само 550.000 евра, или 33 милиони денари се одобрени од тогашниот премиер Никола Груевски за изградба и реконструкција на студентските домови во 2014 година. Една година претходно, за 2013 година вицепремиерот Зоран Ставрески ставил потпис на конечни 48 милиони денари на крајот од истата година. Ставрески за 2012-та се согласил за оваа програма да се комплетираат 31,2 милиони денари, а во 2011-та само 21,5 милиони. Во 2010 на градежните фирми им биле платени само 20,7 милиони денари (Васко Наумовски),  а година дена претходно само 10 милиони (Зоран Ставрески).

Нешто повеќе потпишал Никола Груевски во 2008-ма - 22 милиони денари со плус дополнителни 4 милиони денари за постапка за изградба на нов студентски дом во Скопје, кој потоа требаше да никне кај СРЦ „Борис Трајковски“ но никогаш не ни започна неговата изградба. Невообичаено, но вистинито е дека Груевски во 2007 ја одобрил првата програма на тогашната нова влада со 44 милиони денари, што е многу повеќе од годините што ќе следуваат. 

Убедливо најмалку во последните 12 години има одобрено премиерот Владо Бучковски во 2006-та, со само 6,5 милиони денари.                                 
                                                                                                          Александар Кузмановски

Средства за изградба и реконструкција на студентски домови по години: 
2018 (99,8 мил денари)
2017 (325 мил.)
2016 (98,0)
2015 (104,5)
2014 (33,0)
2013 (49,0)
2012 (31,2)
2011 (21,5)
2010 (20,7)
2009 (10,0)
2008 (22,0)
2007 (44,0)
2006 (6,5)



Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра