Токио-најскап град за живеење во светот
Објавено во: Стил 06 Февруари, 2013 09:45
Веќе никој не се изненадува од подемот на азиските градови на листата во изминатите години и тоа дека тие ги надминуваат традиционално скапите европски места. Интересно е дека, сепак, многумина мислат претежно за кинеските мегаполис, додека најголем и најдинамичен раст во последно време доаѓа од Австралија. И тука, како и во Швајцарија, менувањето на вредноста на националната валута игра одлучувачка улога за поскапувањето на животот. Пред една деценија австралиските градови дури не беа меѓу првите 50. Но пред две години тие веќе се наредија во топ 10.
Овогодинешнaта листа го става Сиднеј на третото место на листата, Мелбурн е на петата позиција. Во Сиднеј килограм леб чини 5.03 долари, кутија цигари – 15,48 долари, а шише вино 25,38 долари. Притоа друштво им прават градови како Нов Зеланд, како и Сингапур и Хонг Конг, кои се во топ 20 најскапи градови. На челните позиции на оваа листа доминираат азиски градови или вкупно 11, а само 8 се од Европа. Пред 10 години, во првите 20 имаше 6 азиски, 10 европски и 4 американски имиња. Денес ниту еден град од Северна Америка не е паднал во топ 20.
Изненадувањето Каракас
Најголемо изненадување во годинешното рангирање на најскапи градови во светот го направи главниот град на Венецуела . Националната валута е толку нестабилна дека официјалната инфлација достигна речиси 20%, а цените минатата година пораснаа за над 25.
Евтината Јужна Азија
И како што азиски градови се на врвот на листата, најниско рангирани се градовите во Јужна Азија, кои заземаат дури шест од првите десет меса на листата најефтини градови за живеење. Нешто повеќе најевтиниградови има и од државите од Индискиот потконтинент: Индија, Пакистан, Бангладеш, Непал и Шри Ланка.Индија може да е прогласуван за економски тигар, но повеќето од растот и доаѓа од огромното население од над една милијарда луѓе и од неискористениот потенцијал на економијата. Всушност тука владее огромна економска нееднаквост и трошоците на домаќинствата се толку мали што цените стојат ниски.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





