21 Мај, 2024
0.0261

Толкување на соништата низ историјата!

Објавено во: Стил 23 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Многу народи се занимавале со толкување на соништа низ историјата. Најстарата книга за соновите e креирана од страна на Египќаните, дури 1500 години п.н.е.

Соништата секогаш носат во себе нешто мистериозно, но и возбудливо... Често низ историјата биле сметани за пораки од Бога и секој народ ги објаснувал на свој начин. Еве како...

Народи од Арапскиот Полуостров :

Најстариот запис за соништата кај овие народи е стар околу 5000 години. Тоа е сумерскиот запис и потекнува од Месопотамија.

-Асирците верувале дека соновите носат пораки со некаков знак. -Вавилонците ги класифицирале соништата во две групи. Соништа испратени од Бога и соништа предизвикани од злите демони. -Античките Евреи верувале дека соновите ги поврзуваат со Бога. Сметале дека лошите сонови се поврзани со злите демони, исто како и Вавилонците. Египќани: Античките Египќани се едни од првите народи кои се обидeле да ги протолкуваат соновите. На почетокот постоело верување дека соновите се дел од нешто надприродно, па поради тоа граделе храмови каде што се молеле за нив.

Тие сметале дека боговите се појавуваат во нивните соништа. Конечно, по одреден период почнале да веруваат дека соништата се всушност базирани на вистински настани.

Антички Грци: -Првата грчка книга за соништата беше напишана во 5-от век п.н.е од Антифон. -Античките Грци верувале дека сонувачот е всушност физички испратен од Бога. -Околу 5-от век п.н.е, Античките Грци започнале со верување дека душата го напушта телото за време на сонот. -Хипократ верувал дека соновите се резултат на фигурите на душата во будна состојба. -Аристотел верувал дека соновите ја покажуваат физичката состојба на човекот. -Гален ја нагласил важноста на соновите за лекувањето, а Античките Грци верувале дека соновите се пораки пратени од Бога, особено кога станува збор за лекувањето . -Тие дури ги утврдиле светите места каде што пациентите морале да поминат една ноќ, така што лекот за болеста би се појавил во сонот.  

Мистичната Атлантида се занимава исто така со толкување на соништата. Нејзините жители наводно користеле специјални храмови и кристали за спиење (сонување).

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“