26 Април, 2024
0.0266

Топ пет агенции за обезбедување: Кој колку троши за плати и колку вработува

Објавено во: Економија 29 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber


Компанијата Никоб им исплатила лани на своите вработени 395 милиони денари или повеќе од 6,5 милиони евра, сума која е за речиси двојно поголема од трошокот што кон вработените го има второрангираната С.Г.С. Следуваат Перпетуумобиле, Оса па МДН Обезбедување – Фактор ги анализира топ петте друштва кои доминираат на пазарот меѓу агенциите за обезбедување. Во вториот дел од анализата за која се користени податоци од финансиските биланси на фирмите, рангирањето е по трошоците кои компаниите ги имаат за вработените. Никоб е лидер по бројот на вработени или во оваа компанија работат 42 отсто од вкупниот број вработени во сите пет друштва кои доминираат на пазарот. Затоа таа е неприкосновено на врвот впрочем по вкупните расходи за плати и други трошоци за нив.  

Од податоците кои Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување ги има обезбедено од Централниот регистар во дејноста приватно обезбедување  се вработени околу 4.600 работници. Во топ петте компании или тие кои се лидери на пазарот вкупно вработени се 3.575 лица, а само во Никоб се вработени 1.503 лица.

Првата анализа, што ја објави Фактор покажа дека по вкупни приходи, компанијата Никоб го има лидерското место, додека во најдобрите пет влегуваат и С.Г.С. Перпетуумобиле секјурити, ОСА и МДН обезбедување, по овој редослед.

Во компаниите, просечно исплатените плати се движат од минималната до безмалку 25.000 денари, а просечната бруто плата во дејноста е 19.800 денари. Станува збор за релативно ниски плати, но во следниот период се најавува позитивно размрдување во овој сектор кој првенствено ќе го води најголемата компанија.



Компанија

Трошоци за вработени*

Број на вработени

Просечна плата по вработен

Никоб

395

1503

14.993

С.Г.С

212

711

16.848

Оса

136

438

24.981

Перпетуумобиле

134

608

12.292

МДН

62,3

258

13.995


* во милиони денари


Во Никоб, агенцијата која е апсолутен лидер на пазарот, лани биле вработени дури 1.503 вработени или 70 отсто повеќе од претходната 2017 година кога компанијата вработувала 878 лица. Вкупните трошоци за вработените лани се вредни 395 милиони денари или за 70 отсто повеќе од претходната година. Оваа компанија, како што објавивме е на врвот меѓу најдобрите пет друштва на пазарот со остварени приходи од 671 милион денари. Просечната исплатена плата по вработен изнесува 14.993 денари, а во неа се вработени практично половина од вработените во сите пет компании заедно.

Следува С.Г.С. компанијата која сепак за само една година успеала да го преполови бројот на вработени. Во 2018 година таму биле ангажирани 711 лица, додека во 2017 година нивниот број изнесувал 1.428 лица. Како трошок за вработените, минатата година прокнижени се 212 милиони евра. Фирмата која го имаше приматот до 2017 година, практично сега има драстично помали вложувања и во кадар и во услуги. Просечната плата изнесува над 16 илјади денари.

Вкупните трошоци за вработените во 2018 година на компанијата Оса изнесуваат изнесуваат 136 милиони денари, што ја позиционира на трето место по овој критериум меѓу најголемите пет друштва на пазарот. Оваа фирма има 438 вработени, а лани исплатила просечна плата од точно 24.981 денари.

Со исплатени 134 милиони денари за вработените, Перпетуумобиле е четврта меѓу најдобрите пет играчи на овој пазар. Вкупниот број на вработени во 2018 година изнесува 608, што е за 35 отсто повеќе од претходната 2017. Сепак менаџментот на вработените им исплатил просечна исплатена нето плата лани од 12.292 денари, што е околу законскиот минимум за таа година.

Следна компанија во рангирањето по трошоците за вработените е МДН Обезбедување. Менаџментот на 258-те вработени им исплатил просечна плата од 13.995 денари, но со оглед на тоа што вработуваат најмалку од сите пет компании, за нив потрошил 62,3 милиони денари. Оваа фирма инаку е на петтото место ако се анализираат вкупните оставрени приходи минатата година или во билансите прикажала приходи во вредност од 97 милиони денари. Бројот на вработени сепак во 2018 година се намалил за 18 проценти во споредба со претходната 2017.

Фактор веќе објави дека со раст на приходите од дури 57 проценти во 2018 година, Никоб го бетонираше лидерското место меѓу приватните агенции за обезбедување.

Еве ја претходната анализа овде.

Александра Томиќ  


Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката