18 Мај, 2024
0.0342

ТОП ПЕТ: Европски земји на врвот по конкурентна економија

Објавено во: Економија 28 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Истражувачкиот институт SolAbility го објави својот годишен извештај Global Sustainable Competitiveness Index, во кој има земји со најдобра економија. 

Во топ 5 се наоѓаат европски земји кои имаат добар стандард. 

Рејтингот се заснова на "моделот на конкурентност, кој ги вклучува сите столбови на одржливиот раст: присуството на природен капитал, управување на земјата, интелектуален капитал, социјална кохезија". 

Шведска – 60.9 

Лидер на листата на Global Sustainable Competitiveness Index е Шведска. Таа е единствената земја која има повеќе од 60 поени. Економијата на земјата е добро развиена, и ориентирана е кон извоз. Главните ресурси на економијата се дрва, хидроцентралите и железната руда. 

Норвешка – 59.4

Норвешка го освои 2­-то место според нивото на економска конкурентност. Владата ги контролира клучните сектори на економијата, особено нафтениот сектор. Иако земјата има и други природни ресурси (шуми, минерали, водни ресурси), нафта секторот обезбедува 30% од приходите во буџетот на Норвешка. 

Финска – 56.2 

Taa e на 4-­то место според критериумот „природен капитал". Долго време предностите на Финска се политичка стабилност, отворена економија, напредна инфраструктура и сигурност на телекомуникациите, како и високото ниво на соработка помеѓу претпријатијата, научни и технолошки центри и универзитети. 

Данска – 56.0 

Данска е индустриско­аграрна земја со високо ниво на развој. Уделот на индустријата во националните приходи е повеќе од 40%. Земјата е на 1­-во место во светот во однос на надворешната трговија и промет по глава на жител. Главниот извоз на стоки e инженеринг на производи, месо и месни производи, млечни производи, риба, фармацевтски производи, мебел. 

Исланд – 56.0 

Оваа изолирана островска нација со население помалку од 400.000 лица редовно се рангира на првите места во различни меѓународни класификации. Во оваа студија Исланд покажала најдобар индикатор за "државно управување". Единствениот послаб макроекономски показател e високата инфлација, која стигна 10% пред кризата, но за време на кризата не беше заменета со дефлација, како во многу развиени земји. 4. 




Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа