03 Мај, 2024
0.0258

Топлификација до Бислимовски: Дали ТЕ-ТО продавал струја само на една домашна фирма

Објавено во: Економија 09 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика креваше раменици за случајот ТЕ-ТО, но од Топлификација велат дека комисијата за енергетика законски треба да го контролира работењето на фирмите носители на лиценца. Додека тој во разговор за Фактор тврдеше дека Регулаторната комисија за енергетика не можела да види, ниту пак да спречи непазарно купување гас и продавање електрична енергија од страна на домашни фирми, од Топлификација велат дека има одредби во Законот за енергетика кои ова го побиваат.

Друштвото претходно обвини дека во планот за реорганизација на ТЕ-ТО е наведено дека од 2013 до 2017 година компанијата била условена да купува гас преку офшор фирма и да продава електрична енергија на домашна фирма која морала да ја продаде надвор од државата на дефинирана фирма. Оттаму тврдеа дека ова е непазарно купување суровини и непазарно продавање што е школски пример за перење пари.

Цитираат одредби од Законот за енергетика согласно кои, едиснтвена институција која го контролира работењето на фирмите носители на лиценца е Регулаторната комисија, а ТЕ-ТО има лиценци за производство на електрична енергија и топлинска енергија, за трговија со електрична енергија и за трговија со природен гас. Комисијата исто така го контролира вршењето на енергетските дејности, но и функционирањето на пазарите на енергија, со цел да се зајакне ефикасноста и транспаренстноста и да се откриајт неправилностите, нарушувањето на конкуренцијата и облици на нелојална конкуренција на пазарот.

„Законот дефинира јасна одговорност на РКЕ во спречување на активности спротивни на законитеПерењето на пари преку купување на поскап гас од посредник офшор фирма и преку продавање електрична енергија по цена пониска од пазарната преку дефиниран трговец кој во подолг период е единствен купувач од ТЕ ТО АД, е сериозна незаконитост од која најголема штета има државата поради неплатен данок на непазарно изнесените финансиски средства од државата, велат од Топлификација.

Прашуваат дали согласно документите кои ТЕ-ТО бил должен да ги достави до Регулаторната комисија имало информација дека ТЕ-ТО во периодот од 2013 до 2017 година купува единстевно од офшор фирма. Бараат Бислимовски да одговори дали согласно истите документи можело да се види дека во истиот период најголемиот дел од електричната енергија е продаден на еден локален трговец како што се наведува во Планот за реорганизација.

Бислимовски во интервјуто за Фактор тврдеше дека не можеле да му се мешаат на ТЕ-ТО по која цена ќе купува гас, затоа што е слободен учесник на пазарот, но дека има истрага за случајот.

„За тие работи, за набавката на гасот кај нас дојдоа соодветни институции, водат постапка. Во принцип ние на ТЕ-ТО не можеме да му се мешаме по која цена купува гас, затоа што е слободен учесник на пазарот. Не можеме да му кажеме ти продавај по толку затоа што ние ти викаме, туку тоа е на слободен пазар. Сепак ние мора да ги заштитиме потрошувачите. Нема пазарна логика некој што му треба гасот како гориво да го купи по повисока цена. Тоа се согласувам, тоа нема логика. Но нема што ние да му кажеме. Ние може да реагираме ако тоа влијае врз потрошувачите, изјави Бислимовски.

Тој тврдеше и дека немале увид во ревизорските извештаи за ТЕ-ТО затоа што не учествува на пазарот каде цените се регулирани. Од Топлификација велат дека законски Регулаторната акомисија за енергетика треба да прави редовни и вонредни извештаи за работењето на носителите на лиценци, но и да врши непосреден увид во целокупната документација на носителот на дејноста и од специјалисти кои се ангажираат за соодветна работа.

„Дали оваа документација е доставувана од ТЕ-ТО во периодот од 2013 до 2017 година и дали е анализирана од соодветните служби во Регулаторната комисија за енерегитка, прашуваат од Топлификација.
А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување