ТОПОЛ АВГУСТ: Денеска температурите ќе се искачат до 40 степен
Објавено во: Македонија 22 Август, 2019
Според Управата за хидрометеоролошки работи денес се очекува сончево и топло време со слаб до умерен ветер од североисточен правец.
УВ зрачењето ќе биде високо и ќе изнесува 8.
Дневните температури на водухот ќе се искачат до 40 степен.
Според метеоролозите до недела ќе се задржи стабилно и топло време. Зголемување на облачноста ќе има во петок и сабота, а од недела попладне и во наредните денови ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.