05 Мај, 2024
0.0286

ТОПОЛ ДОМ ЗА 36 СЕМЕЈСТВА ОД РАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ, објавен оглас за распределба на социјалната зграда во Виница

Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Топол дом и покрив над глава ќе можат да добијат 36 семејства од социјално ранливите категории на граѓани во општина Виница. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во присуство на помошник директорот за градба и уредување на градежно земјиште при АДИССДП, Билјана Главинчевска Вранишкоска и претставници од Центарот за социјални грижи во Виница објави јавен повик за распределба на нова социјална зграда во овој град.

Право на аплицирање за добивање на социјален стан имаат: деца над 18 години без родители кои до својата 18-та година биле згрижени во институции за деца без родители, корисници на право на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни – природни непогоди, лица со попреченост и семејства со лица со попреченост, лица припадници на Ромската заедница кои се социјално загрозени и самохрани родители со малолетни деца.

Според Бочварски, на огласот можат да се пријават само лица коишто се жители на општина Виница, државјани на РСМ, без стан во лична сопственост или на брачниот другар и полнолетни членови на неговото заедничко домаќинство.

Јавниот оглас ќе биде во траење од 32 дена од денот на распишување, односно од денеска, па се до 16 ноември. 

- За оние кои не се во можност сами да ја комплетираат потребната документација, Центарот за социјални работи ќе ја обезбедува потребната помош за обезбедување на целокупната документација согласно објавениот оглас - посочи министерот Бочварски. 

Помошник директорот, Главинчевска Вранишкоска, посочи дека становите на оваа зграда, која беше завршена пред три месеци се со површина од 36-45 метри квадратни, а вредноста на објектот во целост изнесува околу 75 милиони денари.

Социјалната зграда во Виница е дел од проектот Ф/П 1674 со кој се опфатени повеќе општини на територијата на РСМ. До сега се завршени 22 објекти. Во завршна фаза се објектите во: Демир Капија и Неготино, во изградба се зградите во Скопје (о.Бутел и Сарај), Дебар, Велес и Кочани, а планирани за идна градба се Пехчево, Прилеп и Штип.

- Овој проект е од врвно значење за Акционерското Друштво имајќи предвид дека со него се решава станбеното прашање на голем број семејства од ранливите категории - истакна Главинчевска Вранишкоска.

Ставајќи акцент на успешноста на проектот, таа го посочи фактот дека АДИССДП е во интезивни преговори со Банката за развој при Советот на Европа за продолжување на соработка за нови проекти за изградба на згради и во други општини на територијата на РСМ. 

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник