05 Декември, 2024
0.0297

ТОТАЛЕН ХАОС ВО РЕГИОНОТ: нема струја, температурата 40 степени, не работат семафорите, и во Албанија има проблеми

Објавено во: Балкан 21 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Во Црна Гора, делови од Хрватска, Босна и Херцеговина и Албанија има голем прекин на електричната енергија. Тоа се случува во моментот кога топлотниот бран во регионот е на својот врв, а температурите во некои градови се искачуваат и до 40 степени. Според првите информации, прекинот на електричната енергија во регионот е предизвикан од дефект во Црна Гора, што доведе до последици и во други земји.

Според порталот Индекс, Далмација останала без струја околу 12:25 часот.

Без струја останаа Сплит, Омиш, Макарска, Дубровник и Жупа Дубровачка, Каштела, Солин, Водице, Првиќ, Задар, Стариград Пакленица, бројни острови, па се чини дека струја нема во цела Далмација.

Семафорите не работат, регионот е во колапс

Во Сплит не работат семафорите поради што дојде до колапс во сообраќајот. Струја нема во ниту еден дел од Албанија. Во Сплит постојано се слушаат сирени за итните служби, јави Хина.

Како што веќе објавивме, проблемот настана во Црна Гора, каде речиси цела земја е без снабдување со електрична енергија

Речиси целата област на Црна Гора е без струја, соопшти Црногорскиот електродистрибутивен систем (ЦЕДИС).

Како што се наведува во краткото соопштение на Фејсбук страницата на ЦЕДИС, проблемот е прекин на мрежата на црногорскиот електропреносен систем. Не се знае кога проблемот би можел да се реши.

Без напојување со електрична енергија денеска остана цела Босна и Херцеговина, а тамошните власти не ги соопштија причините.

Врвот на топлотниот бран

Во Босна и Херцеговина и Хрватска денеска се очекува врв на топлотниот бран и максималната температура на воздухот ќе достигне 40 степени, а на места на хрватското приморје температурата и во текот на ноќта не се спушти под 30 степени.

Тропска ноќ ќе биде регистрирана и во повеќе региони - минималната температура ќе се задржи над 20 Целзиусови степени, соопшти Републичкиот хидрометеоролошки завод на Босна и Херцеговина. Небото ќе биде облачно поради присуството на сахарски песок, пренесува Срна.

Од средината на денот во Босна и Херцеговина ќе има засилена облачност од запад, која ќе услови врнежи од дожд и врнежи главно на север и северозапад. Врвот на топлотниот бран денеска се очекува и во Хрватска, каде вчера беа забележани рекордни температури за овој период од годината. Така, во Сплит изнесуваше 38,5 степени, што го надмина претходниот јунски максимум од 38,1 степени Целзиусови од 2003 година.

Денеска се очекуваат уште повисоки температури. Во Далмација може да биде околу 40 степени. И беше топло во текот на ноќта како и во раните утрински часови, пренесува Индекс. Во Дубровник температурата речиси цела ноќ не се спуштила под 30 степени, а во 6 часот наутро била дури 32,7 степени.

И за Македонија и Црна Гора за денеска се најавени максимални температури до 40 степени.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ: Бараат да го признаеме Косово, ние не сме заинтересирани

ВУЧИЌ: Бараат да го признаеме Косово, ние не сме заинтересирани

РИКЕР: Потрошивме многу време фокусирајќи се на Балканот

РИКЕР: Потрошивме многу време фокусирајќи се на Балканот

ХОРОР ВО ХРВАТСКА - во семеен двор пронајдени телата на две новороденчиња

ХОРОР ВО ХРВАТСКА - во семеен двор пронајдени телата на две новороденчиња

ВУЧИЌ ЗА ПРОТЕСТИТЕ ВО НОВИ САД: Во Србија нема да има македонско сценарио

ВУЧИЌ ЗА ПРОТЕСТИТЕ ВО НОВИ САД: Во Србија нема да има македонско сценарио

ПОВРЕДА НА ДЕСНОТО ОКО СО ГУБЕЊЕ НА ВИДОТ И ИЗГОРЕНИЦИ ПО ЛИЦЕТО - 14-годишно момче од Загреб со тешки повреди од петарда

ПОВРЕДА НА ДЕСНОТО ОКО СО ГУБЕЊЕ НА ВИДОТ И ИЗГОРЕНИЦИ ПО ЛИЦЕТО - 14-годишно момче од Загреб со тешки повреди од петарда

ВУЛИН: Само српскиот свет е бариера за „Голема Албанија“

ВУЛИН: Само српскиот свет е бариера за „Голема Албанија“

(ВИДЕО) ОШТЕТЕНИ ЗГРАДИ, УРНАТИ МОСТОВИ: Се судрија и два брода во Грција

(ВИДЕО) ОШТЕТЕНИ ЗГРАДИ, УРНАТИ МОСТОВИ: Се судрија и два брода во Грција

МАЖ ПАДНАЛ ВО ПРОВАЛИЈА: Уште една жртва на невремето во Грција

МАЖ ПАДНАЛ ВО ПРОВАЛИЈА: Уште една жртва на невремето во Грција

БОСАНСКИОТ БУРЕК СЕГА СЕ ПРОДАВА ВО НАЈГОЛЕМИОТ СИНЏИР НА МАРКЕТИ ВО СВЕТОТ: „Ти благодариме Един за партнерството“

БОСАНСКИОТ БУРЕК СЕГА СЕ ПРОДАВА ВО НАЈГОЛЕМИОТ СИНЏИР НА МАРКЕТИ ВО СВЕТОТ: „Ти благодариме Един за партнерството“