ТРАБАНТИТЕ ВРЕДАТ МАЛО БОГАТСТВО: Сопствениците ги продаваат за 30.000 евра
Објавено во: Економија 18 Август, 2023
Трабант, некогашниот
симбол на Источна Германија, денес станува вистинско колекционерско уживање со
цени кои достигнуваат и до неколку десетици илјади евра.
Трабант, познат и како „Траби“, повеќе не е само остаток од минатото. Овој автомобил, кој беше икона на Источна Германија, денес е деликатес во светот на колекционерството.
Во времето кога беше произведен, Трабантот беше предмет на потсмев поради неговата каросерија направена од пластични и текстилни влакна, како и застарениот двотактен мотор. Сега, откако се стекна со статус на олдтајмер, ситуацијата драстично се промени.
Од падот на Берлинскиот ѕид, „Траби“ станува се поретка глетка на германските патишта. Сепак, 32 години по прекинот на производството, овој иконски источногермански автомобил доживува некаква заживување.
Од почетокот на годинава на патиштата се вратија повеќе од 40.000 функционални и регистрирани трабанати, пишува 24ur.com.
"Кога возам се чувствувам посебно. Се тресе, но автомобилот е сеуште жив", нагласува Јирген Валтер, сопственик на 60-годишен Трабант. За својот автомобил платил 3.000 евра, а за неговата реставрација вложил дополнителни 6.000 евра.
Додека ова возило се сметаше за речиси безвредено во 90-тите години на минатиот век, денес колекционерските модели на овој автомобил можат да чинат и до 30.000 евра.
За многумина зачуваниот Трабант е повеќе од автомобил - тој е дел од историјата и начин на живот, а за некои е и можност за солидна заработка.
ФОТО: Unsplash* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.