ПРОГНОЗА ЗА ЦЕЛА ПРОЛЕТ: Еве какво време не очекува до јуни
Објавено во: Македонија 04 Април, 2025 07:00
Пролетта 2025 година во Македонија се очекува да биде динамична, со нестабилни и врнежливи периоди во првата половина, додека втората половина ќе биде потопла со зачестени грмотевични бури. Во периодот од крајот на март до почетокот на април, земјата беше под влијание на намален атмосферски притисок и интензивна циклонска активност, што доведе до зголемени водостои на реките и зголемен хидролошки ризик. Според системот GLOFAS, најголем ризик од поплави на 4 април постои на југот од Македонија, каде што шансите за надминување на двегодишниот повратен период на водостоите достигнуваат 76%, се вели во анализата направена од страна на д-р Владо Спиридонов, редовен професор на ПМФ-УКИМ, Скопје и д-р Ивица Милевски, редовен професор на ПМФ-УКИМ, Скопје.
„Во првата половина на април се очекува заладување со врнежи од дожд и снег на планините, а во одредени пониски подрачја е можен и слаб утрински мраз. Од средината на месецот времето ќе се стабилизира со постепено затоплување. Во мај температурите ќе бидат 1-2°C над просекот, со нестабилности што ќе предизвикаат локално интензивни грмотевични бури. Во јуни се очекува понатамошно загревање и зголемена атмосферска нестабилност, со можност за силни невремиња, град и ненадејни поплави. Во месец април и почетокот на мај, зголемен ризик од поплави, свлечишта и други хидро-метеоролошки непогоди.
Овој билтен има информативен карактер и служи за добивање на првична слика за можните временски и хидролошки услови во Македонија за пролетта 2025 година. Поради променливиот карактер на времето и можните хидролошки ризици, неопходна е зголемена подготвеност на институциите и јавноста за навремено реагирање на потенцијалните неповолни временски појави. Ова ќе овозможи превентивно делување со цел намалување на евентуалните ризици по безбедноста и сигурноста на граѓаните.“ се вели во анализата.
Целата прогноза може да ја прочитате тука.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




