07 Април, 2025
0.0621

КОЈА МАЛА И УСПЕШНА БАНКА ДЕЛИ ДОБРИ МЕНАЏЕРСКИ ПЛАТИ И НАГРАДИ - акционерите гласаа, еве за што ќе се исплатат 67 илјади евра

Објавено во: Финансии 04 Април, 2025 08:20

Добивај вести на Viber

Поголем дел ќе оди за дивиденди на акционерите, но значаен дел од ланската нераспределена добивка ќе биде наменет и за резерви.

ТТК банка објави дека на неодамна одржаното акционерско собрание била донесена одлука како ќе се распредели добивката од 2024 година по годишната сметка, на сума од 1,76 милиони евра.

Од овие средства, за дивиденди за имателите на обични акции ќе бидат исплатени 1,02 милиони евра, додека, пак, за резерви ќе се зачуваат 736 илјади евра.

Но, она што е интересно, е дека убава сума ќе добијат како плати и награди менаџерите и членовите на Надзорниот одбор, како и лицата со посебни права и одговорности, а по основ на деловната успешност.

Станува збор за сума од 67 илјади евра, кои се вкалкулирани како трошок на банката, а кои ќе се распоредат дел за награди на членовите на Надзорниот одбор, а дел за плата по основ на деловна успешност на менаџментот и на лицата со посебни права и одговорности.

А, за членови на Надзорниот одбор, пак, како што веќе пишувавме, на почетокот на ноември годинава беа именувани Бобан Гоговски, Драгица Јовановска, Евгенија Трпоска, Михаил Петковски и Албион Риза.

„Одборот за наградување на членовите на Надзорниот одбор, Надзорниот одбор и Управниот одбор, го извршуваат распоредот на средствата на поединечните членови на Надзорниот одбор, на менаџментот и на лицата со посебни права и одговорности, со посебни одлуки“, се вели во одлуката која поминала на вчерашното акционерско собрание.

Кога стануива збор за дивидендите, чии бруто износ е 1,02 милиони евра, банката најавува дека за физичките лица кои се нејзини акционери, ќе задржи и ќе уплати персонален данок на доход, додека, пак, при исплата на правните лица, ќе задржи и ќе уплати данок по задршка.

Висината на бруто дивидендата по акција ќе биде 61 денар, односно 6,1 отсто од номиналната вредност на акциите, која изнесува 1.000 денари.

Овде треба да се каже дека доминантен и единствен акционер над 5 отсто во ТТК банка, со 41,42 отсто од капиталот, е тетовскиот комбинат Тетекс, што значи дека тие на име на дивиденда ќе земат сума од 423 илјади евра. Всушност, подолг период ТТК банка му ги носи главните приходи на Тетекс, кој, пак, престана со текстилната дејнсот, и приходува или од издавање објекти под закуп, или од продажба на залихи, како и остварува приходи од својата „златна кокошка“ ТТК банка.

Датумот на евиденција според кој ќе се определи листата на акционери кои имаат право на дивиденда за 2024 година е 16 април годинава, последен ден на тргување со право на дивиденда е 14 април, а прв ден на тргување без право на дивиденда е 15 април. Во одлуката стои дека дивидендата ќе се исплатува во готово, и тоа на платежните сметки на акционерите.

Важна вест е дека исплатата на дивидендата ќе стартува од 5 мај оваа година.

Акционерското собрание, пак, го разгледало и прифатило планот, односно стратегијата на банката за до 2027 година, во кој менаџментот навел дека клучните финансиски индикатори кои Банката со своето работење ќе се стреми да ги оствари во периодот кој следи се, во делот на планираната профитабилност, стапката на поврат на капиталот (RОЕ) да достигне до 11,9 отсто до 2027 година, пораст на бруто кредитите на комитенти до ниво што ќе обезбеди нивно учество во вкупните средства на Банката над 50 отсто, одржување на стапката на адекватност на капиталот и тоа над 17 отсто, и пораст на коефициентот за покриеност на кредитите со депозити од 57 отсто во 2025 до 59,9 отсто во 2027 година.

Како што пишувавме во декември, долгогодишниот директор на ТТК Банка, Драгољуб Арсовски, доби уште еден мандат на малата но успешна ТТК Банка, на позициите претседател на УО и Генерален извршен директор на ТТК Банка.

Н.Н.Ф

Можеби ќе ве интересира

МАСК ИЗГУБИ 145, ГЕЈСТ 3, А ЦУКЕРБЕРГ 28 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Овој милијардер беше единствениот што заработи по царините на Трамп

МАСК ИЗГУБИ 145, ГЕЈСТ 3, А ЦУКЕРБЕРГ 28 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Овој милијардер беше единствениот што заработи по царините на Трамп

ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП ЈА „КУТНАА“ И МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА - црвената боја завладеа, паѓаат акциите и на најмоќните

ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП ЈА „КУТНАА“ И МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА - црвената боја завладеа, паѓаат акциите и на најмоќните

ЗОШТО ТРЕБА ДА ВИ БИДЕ ГРИЖА ЗА ПАДОТ НА БЕРЗИТЕ ДУРИ И АКО НЕМАТЕ АКЦИИ: „Ова е крвопролевање“, велат експертите за падот на азиските пазари

ЗОШТО ТРЕБА ДА ВИ БИДЕ ГРИЖА ЗА ПАДОТ НА БЕРЗИТЕ ДУРИ И АКО НЕМАТЕ АКЦИИ: „Ова е крвопролевање“, велат експертите за падот на азиските пазари

ПРОДОЛЖУВА СТРМОГЛАВИОТ ПАД НА БЕРЗИТЕ - пазарниот хаос предизвикан од тарифите сè уште не е завршен

ПРОДОЛЖУВА СТРМОГЛАВИОТ ПАД НА БЕРЗИТЕ - пазарниот хаос предизвикан од тарифите сè уште не е завршен

НАЈНОВАТА РАНГ ЛИСТА НА ГРАДОВИ СО НАЈМНОГУ МИЛЈАРДЕРИ - предводи Њујорк, еве колкаво богатство имаат поединечно

НАЈНОВАТА РАНГ ЛИСТА НА ГРАДОВИ СО НАЈМНОГУ МИЛЈАРДЕРИ - предводи Њујорк, еве колкаво богатство имаат поединечно

САМО ЕДЕН ДЕН ПО ВОВЕДУВАЊЕТО НА ТАРИФИТЕ: Најбогатите луѓе во светот изгубија 208 милијарди долари

САМО ЕДЕН ДЕН ПО ВОВЕДУВАЊЕТО НА ТАРИФИТЕ: Најбогатите луѓе во светот изгубија 208 милијарди долари

СЕ ОГЛАСИЈА „ПЕЛИСТЕРКА“ И „ТИМОХ“ ДО АКЦИОНЕРИТЕ: Стопанска банка Битола не е на продажба, не постои таква одлука на акционерско Собрание

СЕ ОГЛАСИЈА „ПЕЛИСТЕРКА“ И „ТИМОХ“ ДО АКЦИОНЕРИТЕ: Стопанска банка Битола не е на продажба, не постои таква одлука на акционерско Собрание

ПАНИКА НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ: Трговската војна на Трамп ги уништува индексите ширум светот - скокна и ИНДЕКСОТ НА СТРАВ!

ПАНИКА НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ: Трговската војна на Трамп ги уништува индексите ширум светот - скокна и ИНДЕКСОТ НА СТРАВ!

РЕЗИЛОТ Е СТРАШЕН, КАКО ДА НЕ СЕ ЖИВИ, ЗОМБИ, ПОЛУЖИВИ: Глигорова за минималната плата

РЕЗИЛОТ Е СТРАШЕН, КАКО ДА НЕ СЕ ЖИВИ, ЗОМБИ, ПОЛУЖИВИ: Глигорова за минималната плата