ТРАГЕДИЈА НА ЦРН ПЕТОК: Голем трговски центар во пламен, 11 мртви, многу купувачи заробени на повисоките катови (ВИДЕО)
Објавено во: Свет 25 Ноември, 2023
Единаесет лица загинаа во големиот пожар што избувна во катниот трговски центар RJ во Карачи.
Градоначалникот на пакистанската престолнина Муртаза Вахаб на сметка на социјалната мрежа Х го потврди бројот на жртвите, додавајќи дека жртвите се префрлени во различни болници во градот.
- Процесот на пребарување се уште продолжува - додаде Вахаб во соопштението.
Официјални лица на противпожарната бригада соопштија дека речиси 50 луѓе заробени во трговски центар на прометна градска артерија биле спасени со помош на два крана. Евакуацијата се уште е во тек.
Надлежните додадоа дека пожарот во трговскиот центар е ставен под контрола додека во моментов се одвива процесот на ладење на еден од катовите.
کراچی: راشد منہاس روڈ پر مال میں آگے لگنے کا واقعہ، اموات کی تعداد 11 ہوگی!#ARYNews pic.twitter.com/cFmCOc1c2i
— ARY NEWS (@ARYNEWSOFFICIAL) November 25, 2023
Пожарот, кој избувна на вториот кат во саботата околу 7 часот по локално време, стигна и до шестиот кат, но не е јасно што го предизвикало.
- Шестмината повредени се во критична состојба - соопштија надлежните.
Рауф Хамид, кој беше спасен од зградата, изјави за Geo News дека многу луѓе се уште се заробени.
- Се спасивме со брзање во безбедната соба. Чадот беше толку силен што не разбравме што се случува - изјави Хамид.
Главниот пожарникар Мубин Ахмед рече дека зградата на трговскиот центар се запалила по втор пат во последните две години. Ахмед додава дека поради пожарот се изгаснало осветлувањето и тогаш настанала паника.
کراچی : جوہرموڑ پر شاپنگ مال میں خوفناک آتشزدگی#GNN #NewsUpdates #BreakingNews #GNN_Updates pic.twitter.com/T3TeQI7BwQ
— GNN (@gnnhdofficial) November 25, 2023
Шефот на противпожарната служба Хумајун Кан изјави дека пожарот во трговскиот центар најверојатно бил предизвикан од краток спој.
- Трговскиот центар немаше систем за гасење пожар. Климата беше централизирана, така што немаше начин воздухот да излезе - додаде Кан.
Фото: Принтскрин/Твитер* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.