ТРАГЕДИЈА: Татко го фрлил бебето од покрив за да спречи уривање на куќа
Објавено во: Свет 13 Април, 2018
Маж од Јужна Африка е обвинет за обид за убиство откако ја фрлил својата шестмесечна ќерка од врвот на колиба, за да спречи уривање.
Таткото на возраст од 38 години го однел бебето на покривот на својата куќа во знак на протест против булдожерите кои дошле да рушат, во градот Квадвеси во Јужна Африка. Шест полицајци се построиле на земја под него, додека еден се качил на покривот и се обидел да разговара со него. Тој го држел детето за нога пред да го фрли. На фотографијата се гледа полицаец на кровот кој се обидува да го зграби таткото пред тој да го фрли бебето.
Фудбалерите на земја го фатиле детето и тоа не добило никакви повреди. Таткото потоа е уапсен и обвинет за обид за убиства.