ТРАГЕДИЈА ВО КУМАНОВО: Девојче почина откако врз него паднала статива
Објавено во: Македонија 14 Август, 2019
Maлолетно девојче денеска околу 16 часот починало откако врз него паднала статива во Соколана во Куманово, потврди полицијата.
Екипа на Итна помош интервенирала и го однела детето во кумановската болница каде што лекарите се обиделе да го реанимираат, но безупешно. Случајот во полицијата е пријавен од кумановската болница.
Девојчето на возраст од 13 години, соопштија од полицијата е државјанин на Република Хрватска со привремен престој во државата.