ТРАГЕДИЈА ВО СРБИЈА: Десетгодишно дете настрада играјќи го предизвикот на Тик-ток - Blackout Challenge?
Објавено во: Балкан 27 Јануари, 2021 13:09
Десетгодишното момче кое вчера беше пронајдено мртво во стан во Раковица, СРбија, наводно случајно се обесило додека играло предизвикот на мрежата Тик-ток - Blackout.
Како што неофицијално дознава Kurir.rs, момчето било оставено само во станот, додека неговите родители биле во продавницата.
„Кога се вратиле, тој не ја отворал вратата, па повикале полиција и пожарникари кои влегле преку терасата и го нашле детето обесено на креветот на спрат. Од почетокот имаше сомнеж дека до смртта дошло случајно за време на игра, а сега се верува дека малото дете всушност го играло предизвикот Blackout на социјалната мрежа Тик-ток“, рекол за овој медиум извор од истрагата.
Овој предизвик подразбира деца да стават ремен околу вратот, да го затегнуваат и тоа да го снимаат на мобилен телефон додека не се онесвестат.
Ова не е прв случак.
Девојче од Италија, исто така на 10 години, викендов се задуши играјќи го токму овој предизвик. Светските медиуми апелираат да ја пријават секоја наредба што покажува споделување на Blackout Challenge.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




