Трамп ги нокаутираше цените, нафташите во шок
Објавено во: Свет 02 Јуни, 2017
Цените на нафтата нагло паднаа после одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги повлече САД од Парискиот договор.
Инвеститорите оценуваат дека тоа ќе доведе до зголемување на производството на нафта и гас во таа земја.
Цените на нафтата паднаа повеќе од три отсто.
Аналитичарите во германската Комерцбанка оценија дека после одлуката на Трамп очекуваат зголемување на производството на нафта уште повеќе бидејќи веќе дојде до нејзин раст од зголемувње на цената.
Зголеменото производство во САД ги поништи напорите на ОПЕК и други поголеми произведувачи кои го ограничија производството да се зголемат цените.