17 Мај, 2024
0.0448

ТРАМП НАЈАВУВА ПРЕСВРТ: НАТО е застарен, треба да го реорганизираме!

Објавено во: Свет 28 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Доналд Трамп најави дека, доколку победи на изборите на 8 ноември, ќе направи силен пресврт во оснос на етаблираната американска надворешна политика.

Претендентот на номинацијата на Републиканската партија на изборите за претседател на САД рекол меѓу останатото дека би го реогранизирал НАТО и можеби ќе престане да купува нафта од Саудиска Арабија.

Само неколку дена пред Нуклеарниот безбедносен самит во Вашингтон, чиј домаќин ќе биде Барак Обама, а на кој ќе присуствуваат 56 делагации, Трамп ја „удвои“ својата критика на НАТО, алијансата која со децении беше камен-темелник на американската надворешна политика и побара негова реорганизација.

„НАТО застаре“, рекол Трамп во емисија на телевизија ЕјБиСи, велејќи дека алијансата е основана во друго време, кога главна закана за Западот бил Советскиот сојуз.

НАТО денес не е погоден за борба против тероризмот и премногу ги чини САД и затоа треба да го намалиме и реорганизираме, рекол тој.

Во интервју за Њујорк Тајмс Трамп исто така рекол дека, доколку стане претседател, ќе ја разгледа можноста на Јапонија и Јужна Кореја да им дозволи да развиваат сопствено нуклеарно оружје наместо да се потпираат на заштита на САД против Северна Кореја и Кина, што исто така претставува големо отстапување од стандардните американски политики.

Американскиот милијардер, како што вели, би можело да го запре купувањето на нафта од Саудиска Арабија и другите арапски земји доколку тие не испратат копнени трупи во борбата против Исламска држава или би платиле САД тоа да го направат.

Неговиот ривал во борбата за номинација на Републиканската партија Тед Круз рекол дека Трамповите идеи за НАТО се „катастрофално будалести“.

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра