Трамп негира дека има офшoрни сметки, но гледал да плаќа помалку даноци
Објавено во: Свет 14 Мај, 2016
Кандидат за кандидатурата на Републиканската партија на претседателските избори во САД милијардерот Доналд Трамп изјави дека не ги чува парите во швајцарски банки или во оф-шор сметки.
Немам сметки ниту во швајцарски банки, ниту во офшорки. Многу чисто водам бизнис. Ако некаде имав некакви пари, одамна ќе беше соопштено од повеќе извори, бидејќи работите ми се следат многу внимателно, изјави тој за телевизија ABC.
Сепак Трамп одбива да ги објави даночните декларации, додека не заврши проверката од вработени од даночната служба.
Тој е на мислење дека гласачите немаат право да ја видат финансиската состојба пред да поминат изборите за претседател во САД, но сепак ќе ги објави штом заврши ревизијата.
„Се обидувам да плаќам најмалку данок“, искрен беше тој.
Името на Трамп исплива покрај аферата „Panama Papers“. Според протечените документи милијардерот има 32 офшор компании, регистрирани од панамската канцеларија „Mossack Fonseca“. Еден конкретен проект на Трамп е меѓу офшор битките- проект за хотел во Панама.