Трамп со тешко обвинение кон Клинтон, земала дрога
Објавено во: Свет 16 Октомври, 2016
Кандидатот на републиканците за Белата куќа, Доналд Трамп ја обвини својата противничка, Хилари Клинтон дека зема дрога.
Според Трамп поранешната прва дама била „под дејство“ пред нивнта дебата на 9 октомври. „Не знам што се случува со неа, во почетокот на дебатата беше премногу возбудена, потоа едвај стигна до својот автомобил“, изјави Трамп на адреса на Клинтон.
Милијардерот побара двајцата да бидат проверени за дрога пред следната нивна телевизиска дебата на 19 октомври, пренесе АП. Тоа ќе биде и последната дебата меѓу двајцата кандидати пред претседателските избори на осми ноември.