01 Мај, 2024
0.0268

Tранспарентноста e крал на комуникацијата (Transparency is the king) 

Објавено во: Колумни 08 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Деновиве сме сведоци на ситуации кога институции, компании или поединци, со цел да спречат шпекулации и погрешни заклучоци во јавноста, и да си навлечат негативни “поени”, се решаваат да ја сокријат вистината, и да презентираат нецелосни информации. Живееме во време кога грижата за имиџот и репутацијата и желбата да се контролира различна ситуацијата, се поважни од етичноста, искреноста, моралноста. Но праксата, не само кај нас, туку и во светот, потврдува нешто сосем спротивно. Односно сите компании, институции кои биле транспарентни, отворени кон целокупната јавност, кон медиумите, кон своите клиенти, соработници или било кој друг засегнат, имале успех на долгорочен план. Секогаш кога се комуницира со јавноста или таргет групите на отворен начин, дури и во ситуација кога се соочувале со криза, се здобиле со разбирање, доверба, па дури и во ситуација кога биле виновни си оставиле простор да им биде „простено“ дури и кога се соочувале со најголемиот проблем. Не смееме да заборавиме дека транспарентноста секогаш била крал на комуникацијата (Transparency is the king) и нешто кон кое се стреми секој добар професионалец за односи со јавност. А шпекулации се избегнуваат кога се информира јасно и прецизно, и кога нештата ги базираме на факти. Самиот почеток на комуникацијата мора да се заснова на вистинита приказна, фактографија. А ваквиот начин на комуникација е и одговорност, морална и правна на јавните институции, бидејќи пред се тие се финансираат од парите на граѓаните. Од аспект на вистинитоста во комуникацијата, нема поделба на информациите на чувствителни, или помалку чувствителни, јавноста треба да добие јасна слика за нештата и самата, врз основа на сопственото вредносно ниво да донесе заклучок. Етиката и моралот се клучни аспекти на кои треба да се внимава кога станува збор за информации од јавен интерес. Истото важи во светот на бизнисот, ако произведувате производ кој на било каков начин може да му наштети на консументот, тоа мора да биде наведено на декларацијата. Не може да се продаваат цигари, без да се наведе дека се штетни по здравјето! Доколку производот е небезбеден или штетен постои обврска тоа да се каже, а јавноста сама да процени дали истиот ќе го користи или не.  На ваков начин се заштитува компанијата од штетни последици во иднина. Треба да се биде свесен  дека за измама потрошувачите во секое време може да тужат за нанесена штета. Професионалецот за односи со јавноста треба да дава најдобри совети за комуникација на институцијата која ја застапува. Да е лојален, и да има јасен став дека неморално е да се лаже јавноста. Имиџот тешко се создава, но лесно може да се наруши. Институцијата и лицето за односи со јавност како нејзин адвокат треба да имаат почит кон јавноста. Само на тој начин на долг рок се воспоставува мост на пријателство и се креира долгорочен позитивен имиџ. “Лекарите треба да работат во корист на пациентите, а не на нивна штета“ има изјавено Хипократ уште пред 2500 години. Исто така и професионалците за односи со јавност треба да работат во корист на клиентите, а не на нивна штета, да бидат свесни дека кога ги советуваат да сокријат информации, индиректно им нанесуваат штета. Сашо Дуљанов

Можеби ќе ве интересира

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина

Оружје за Украина - пари за САД

Оружје за Украина - пари за САД