ТРАПМ РАСПАЛУВА НА ТВИТЕР: Времето за евентуалниот воздушен напад врз Сирија досега не е прецизирано
Објавено во: Свет 12 Април, 2018
Сѐ повеќе се распалува жарчето. Трамп со шокантни изјави на социјалната мрежа твитер.
Времето за евентуалниот воздушен напад врз Сирија досега не е прецизирано, напиша денеска Трамп на Твитер.
– Никогаш не кажав кога ќе се случи напад на Сирија. Може да се случи набрзо или не така скоро. Во секој случај, САД предводени од мојата Администрација, направија огромна работа за ослободување на регионот од ИС. Каде е нашето `Ти благодарам Америко?`“, напиша Трамп.
Американскиот претседател вчера порача дека „убави, нови и паметни американски ракети“ ќе бидат испратени во Сирија.