14 Мај, 2024
0.2237

Треба надвор да нè пофалат, за да бидеме добри!

Објавено во: Колумни 02 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Деновиве присуствував на настан на една позната, популарна  балканска музичка звезда. Позитивна, еуфорична атмосфера, со многу воздуда, фотографирање и воодушевување. И супер е кога има убави настани, кои промовираат убава енергија! На настанот беше присутна и млада музичка звезда во подем, како и наш веќе постар, познат но подзаборавен легендарен музичар. Едниот од нив речиси и да нема свој хит, туку само перспектива, што искрено и не е гаранција за успех, додека другиот има неколку анталогиски македонски поп музички хитови.! Потенцијалната звезда, веќе бира со кого ќе застане на муабет, а со кого не, избирајќи по него најсоодветни за сликање, се наметнува на лица од кои смета дека може да има помош или спонзорство, а сето тоа за успех во неговата кариера, додека другиот наш пеач и автор изгледаше многу скромно,  и ненаметливо. Едноставно стоеше на страна. Со младиот сите се фотографираат, сакаат да го поздрават, да му направат муабет,  и барем на момент да се почувствуваат убаво и важно во друштво на звезда, додека постариот сталожено посматраше, најверојатно со надеж дека некој од присутните новинари ќе му пријде, со поглед побара внимание од присутните но не го доби. Не знам можеби и не му беше важно или пак можеби баш во тој момент се сети на моментите од неговото звездено минато. Наредниот ден во медиумите осамнаа слики од надежниот музичар, а во извештаите никој не го ни спомна нашиот легендарен уметник. Секако дека медиумите треба да информираат за нешто што е актуелно, што публиката сака да го види, моментално да го слушне, но исто така  и не треба да се заборави некој кој не задолжи со своите дела. Точно е дека од стара слава не се живее, тоа е факт, и ако некогаш нешто добро си направил, не значи дека не треба да се трудиш и понатаму, и континуирано  да се работи и создава...но почит кон легендите треба, и мора да се има! Да бидеме реални и не е лесно постојано да си на врвот, во било која дејност, постојано да создаваш висок квалитет на реализираните проекти. Да се потсетиме на приказната со Вања Лазарова... мораше да се започне иницијатива на социјалните мрежи за да се предизвика внимание и реакција од надлежните институции, колумнисти да пишуваат за тоа, за жената да се удостои со признание какво што заслужува. Отсекогаш сум се прашувал зошто еден уметник прво треба да добие признание и  да постигне успех надвор од границите на својата земја, па потоа да стане популарен дома, во неговата Македонија. Дали е тоа така бидејќи дома и немаме вистински критичари, авторитети на кои публиката им верува, и кои кога ќе кажат “ова е добро” нивниот став и мислење “држи вода“ и нешто  значи и тоа влијае на колективната свест! Зошто е тоа така? Дали поради недостигот на самодоверба, која дефинитивно ни фали како генетски код, или пак поради тоа што најчесто сме дежурни мрчатори, и многу почесто и полесно ни се случува да даваме негативни коментари и критика, а да сме воздржани, малодушни  кога нешто е навистина добро. Реално и нашата овогодишна претставничка на евровизија, мораше прво да направи кариера во соседството, па потоа да стане популарна и кај нас, па дури и директно да ја испратиме на евровизија, без домашен музички натпревар. Сеуште многу свежо се сеќавам на разговор со еден мој пријател, кој во тоа време требаше да прави промоција на наш македонски екстра талентиран ликовен уметник, и кој ме убедуваше дека прво треба да се направи изложба надвор, од тоа да се направи огромен публицитет, бидејќи таквата информација лесно ќе помине во нашите медиуми, па дури потоа, да се продолжи со промотивни активности кај нас дома. Бидејќи по него, само на тој начин би можело да му се помогне на уметникот, и да му се трасира патот кон успехот. До кога ќе чекаме некој друг да не пофали дека сме добри, за да знаеме дека сме добри! Ако имаме самопочит, самодоверба, и сме сигурни дека добро ги правиме работите, тоа не може никој  да ни го одземе. Бидејќи знаеме длабоко во себе, дека сме на правиот пат, а во тој случај и нема да дозволиме субјективната, злонамерна критика да не влече надолу. Тука не треба да има дилеми, тоа што е општо добро треба да се пофали, поддржи на секој можен начин, тоа што е наше да го сакаме и почитуваме повеќе од се друго, и никогаш да не заборавиме на минатите дела. Бидејќи еден ден сите ќе остариме, а ќе ни биде потребно малку внимание! Сашо Дуљанов

Можеби ќе ве интересира

Кадровски смени во рускиот воен врв – воeната економија бара нови луѓе

Кадровски смени во рускиот воен врв – воeната економија бара нови луѓе

Путин почнува нова шестолетка

Путин почнува нова шестолетка