ТРЕТА СРЕЌА: Објавен повик за субвенционирање евтини авиолетови
Објавено во: Економија 01 Декември, 2018
Tретиот јавен повик за субвенционирање евтини авиолетови e oбјавен. Од 10 јануари, крајниот рок за воведување нови летови се продолжува до 26 март. Новиот тендер е со олеснети услови во делот на воспоставување по две нови дестинации за летање од Скопје и Охрид.
„Согласно динамиката која што ја имаме и проектите за 2019, 2020 и 2021 година, предвидени се средства во буџетот на РМ. Очекуваме и се надеваме дека овој повик ќе биде успешен до крајот на годинава”, изјави Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.
Сугарески се надева дека овојпат ќе се избере компанија и ќе продолжи со развојот на авиосообраќајот во Македонија.
Надлежните информираат дека се прават и дополнителни анализи за економската оправданост за воведување на национален авиопревозник.
Претходните два тендери за избор на нискобуџетски авиопревозник, на кои што единствено се пријави унгарски Виз Ер, пропаднаа поради неисполнување на условите од страна на компанијата.