17 Мај, 2024
0.0399

Трговски Центар ПАЛМА МОЛ Тетово – Веќе 10 години успешна приказна

Објавено во: Мои пари 17 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Уникатниот повеќенаменски трговски центар Палма Мол Тетово, кој пред десетина години ја започна својата приказна како мала продавница, денес претставува успешен трговски центар, изграден според светски стандарди, распространет на 32 илјади m². Всушност, новиот трговски центар е проширување на објектот на поранешниот Сити центар Тетово кој работи од 2005-та, а продажниот простор на истиот е тројно зголемен. Идејата за тројното проширување на постоечкиот објект постојниот Сити центар Тетово произлезе од потребата на жителите на Тетово и пошироко, за објект со голем број содржини.

Реномираните продавници, секојдневната забава, рестораните и игротеката се само дел од содржините кои се наменти за сите возрасти и кои го прават

Палма Мол Тетово едно од најпосетуваните места во Западна Македонија. Дополнителен куриозитет исто така е бесплатниот паркинг како и работно време на трговскиот центар, кој е предвидено да функционира од 10 часот наутро па се до 22 часот и тоа 365 дена во година, а со таквото работно време тетовчани и околината ќе можат да ги завршат своите обврски во тековниот ден.

Во рамките на трговскиот центар, свои продажни објекти имаат повеќе интернационални и домашни брендови, како што се супермаркетот Ramstore, Lc Waikiki, Sport Vision, аптека Kemopharmacija, LTB Jeans, DM, Мy Time, Shatzi, Alexia accessories- како главен франшизер на познатиот грчки бренд Axel,    Lost collection, Swatch, Tudors, Penti, Prosvetno Delo, Doka Shoes, IL Camino,  Paolo Boccelli, Big Star, Ideal home- продавница за текстил, теписи и мебел,   Coincasa, Factory Mebel, Flormar, Swarovski, Vasidora, Toy Story- најголемата продавница за детски играчки и додатоци, Palma Trade- голем салон за бела техника, ресторан Emporium, фаст фуд корнер- со разни видови на брза храна и Aksaray најпознатата слаткара во градот, Happy Star Playground- најголема игротека со површина над 800 м2 , кино 7D cinema и уште многу други места за забава од сите возрасти.

Во меѓувреме во Палма Мол Тетово се отвори уште една продавница со над 800м2, Casa Mia furniture- специјализирана за луксузен мебел, , каде посителите ќе можат да уживат во нивната уникатна понуда.

LOGO palma mol

Во наредниот период спортскиот гигант Intersport, како и светските брендови Lacoste и Gant ќе станат дел од Палма Мол Тетово.

Фаст фуд корнерот наскоро ќе  добие освежување со отварањето на нова гостилница, во која посетителите ќе можат да уживаат во традиционалните босански специјалитети, а до крајот на месец ноември планирано е отварање и на Lounge bar кој на гостите ќе им понуди врвен и пријатен ентериер.

Палма Мол Тетово е уште еден придонес за економскиот развој во државата, а вработувањата кои ги донесе овој трговски центар имат огромно влијание на подобрувањето на состојбата во регионот. Ваков објект им недостигаше и на граѓаните и на околината на градот Тетово, а во имзинатите 10 години Палма Мол Тетово докажа дека со добар менаџмент, кој успеа да се соочи и да ги надмине сите проблеми, може да се изгради успешна приказна и со вакви капитални инвестиции и проекти кои  имаат за цел да го подобрат квалитетот на живеење на граѓаните и од овој дел од Македонија и да понудат содржини кои ги надминуваат границите на традиционалниот шопинг.

Маратонски шопинг, Домаќинка на месецот, настани за Новогодишни и Божиќни празници, Роденденска недела, Late Night Shooping и многу други настани, ги одбележаа изминатите години во Палма Мол Тетово, а до крајот на оваа година се планирани уште неколку активности и настани по повод Новогодишните и Божиќни празници, за кои наскоро ќе бидат објавени и деталите. Со цел да го големи задоволството на купувачите, манаџментот на трговскиот центар планира да продолжи со спроведувањето на ваков тип на  настани и во иднина.

Илјадници среќни луѓе со полни кеси во рацете, насмеани детски лица и задоволни купувачи, е сликата која секојдневно може да се види во најмодерниот и најголемиот трговски центар во Западна Македонија, а заслугата за целиот успех Палма Мол Тетово им ја посветува токму  на своите купувачи, како најзаслужни за достигнувањата.

Можеби ќе ве интересира

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени