Добивај вести на Viber
Речиси 200 милиони евра должат за неплатен данок над 3.500 фирми и граѓани чии имиња Управата за јавни приходи денеска ги објави. Меѓу нив се најдоа и ексклузивни ресторани, градежни претпријатија, адвокати, продукциски куќи, но и обични граѓани.
На листата на должници сепак предничат претпријатијата – вкупно 2.608 правни лица должат 180,7 милиони евра данок. Меѓу дваесетте најголеми должници се и три јавни претпријатија –
„Македонски шуми“, „Македонија пат“ и „Македонската радио телевизија“ заедно должат данок од над 12,7 милиони евра.
Листата на должници кон УЈП -
ТУКА.