29 Септември, 2024
0.0339

ТРИ МОСТА ЗАТВОРЕНИ ВО КРИВА ПАЛАНКА: Водата го поткопала брегот

Објавено во: Македонија 16 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Според сегашните информации кои ги објави Центарот за управување со кризи, Осички Мост, мост на Трновска река и Шаров Мост се превентивно затворени во Крива Паланка, информираше ЦУК.


Градечки мост, кој е прооден и стабилен но водата е излеана во ,,мајор" коритото, велат оттаму.
Иако според направениот увид, водата се намалува,  сепак, одредени мостови не се препорачливи за поминување, заради поткопување на брегот,

„  Во попладневните часови општина Крива Паланка ја зафати силно невреме со обилни врнежи од дожд, во градот и околните села. Притоа дојде до нагло зголемување на водостојот на Крива река, Домачки Дол и Киселичка река. Од зголеменото ниво на Крива река дојде до излевање на истата од минор коритото и поплавување на брегот на Крива река. На бројот 112 е пријавена опасност од излевање на вода на пат, во моментот во Домачки Дол се интервенира со една машина. Со една машина се интервенира и во населба Бегови Бавчи. Пријава за постоечка опасност за поплавување на новоизградени куќи и објекти . Локација Улица Глигор Прличев 35 Крива Паланка (под ветеринарна станциа К.Паланка) ,старо имае на улицата св .Јоаким Осоговски. Поплавена Куќа во место викано Толинци кај Пролетер во Крива Паланка во куќата има луѓе кои треба да се евакуираат. Отсечено е с.Т‘лминци со 20 жители, од надојдената река преку мостот. ТППЕ Крива Паланка и ДЗС Крива Паланка во моментов се на испумпување на вода од семејна куќа на место викано Тополки. Пријава дека има надојдена вода во долот од гробиштата на кај патот што оди за село Конопница веќе водата зафаќа куќи . Надојдени се водите на Куков Дол и моментално се работи со машина. Кај место викано над Базен има излевање на водите на Крива Река На патниот правец Р2250 Крива Паланка – с. Луке од 21.00ч. сообраќајот е целосно во прекин во двата правци поради свлечиште. Екипите на Ј.П. Македонијапат се излезени на терен и работат на расчистување на свлечиштето и нормализирање на сообраќајот. Заседаваше кризниот штаб – Крива Паланка и потоа членовите се упатија на терен. Остварен е контакт со градоначалникот на општина Ранковце кој што извести дека е на терен со надлежните локални служби и ја следат состојбата на лице место и засега нема никакви опасности, нема пријавено поплавено земјиште и поплавени објекти и кажа дека ќе прати градежна машина на критичните места-мостови на Крива Река“, се вели во вонредната информација од Крива Паланка, по обилните врнежи од дожд, објавена од ЦУК. 


Можеби ќе ве интересира

ИСПАНИЧЕНИ ПАТНИЦИ КРШЕЛЕ ПРОЗОРИ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД АВТОБУС - се појавил чад, а вратите не биле отворени

ИСПАНИЧЕНИ ПАТНИЦИ КРШЕЛЕ ПРОЗОРИ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД АВТОБУС - се појавил чад, а вратите не биле отворени

„По 22 години неуспех во евроинтеграцискиот процес“: Меџити со посебна ретроспектива „прва влада без ДУИ“

„По 22 години неуспех во евроинтеграцискиот процес“: Меџити со посебна ретроспектива „прва влада без ДУИ“

„Можеби ќе остане запишано во некои хроники за една мала глупава земја и нејзиното раководство“: Ванковска во свој стил

„Можеби ќе остане запишано во некои хроники за една мала глупава земја и нејзиното раководство“: Ванковска во свој стил

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки