04 Мај, 2024
0.0250

Три најчести грешки при избор на локација за приватен бизнис

Објавено во: Економија, Стил 02 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Локацијата е многу важна работа, не само за купување на куќа, туку и за вашиот мал приватен бизнис. Таа во многу може да ви помогне да го унапредите своето работење.

CBS News го свртува вниманието на три вообичаени грешки.

Посебно кога се во прашање ресторан или бутик, локација која може да влијае на вашиот успех кога се во прашање почетните бизниси. Постојат агенции кои се занимаваат со исклучително помагање и пронаоѓање на најдобро место за сите видови на бизнис.

Доста работи треба да земете предвид кога е во прашање дестинацијата на вашиот локал. Овој избор е вистински предизвик за мали претприемачи.

1. Немате јасна слика за тоа кои се вашите клиенти

Главното прашање кое мора да си го поставите себе си е - Кој е купувач? Одговорот на ова прашање треба да го насочи вашиот бизнис и да одговори на прашањето каде да го најдете тој купувач. На пример доколку вашите купувачи се деца позиционирајте се близу до училишта и игралишта. Така со секој нов производ ќе осмислувате нова локација.

2. Игнорирајте го прашањето за пристап на локал и слични проблеми

Да имате идеја за тоа како вашите купувачи ќе му пристапат на локалот е од клулно значење. Фокусирајте се на паркинг, сигнализација и сообраќај. Проверете и колку е забележлив вашиот локал и дали клиентите ќе може лесно да го пронајдат, и дали во близина има автобуски станици.

Сопствениците треба да размислат за тоа дали таа локација е во согласност со сликата која сакаат да ја одржат или направат. Никогаш немојте да заборавите да проверите кој ви е прв сосед и дали имате конкуренција во околината.

3. Неподготвеност на преговарање за договор

Да речеме дека најдовте совршена лоакција и дека сте подготвени да го потпишете закупот. Мора да бидете свесни за своите можности и граници кои не можете да ги преминете врз основа на својот бизнис модел. Не заборавајте дека трошоците не завршуваат со самиот закуп и дека ќе мора да реновирате, стилизирате и да го прилагодите просторот на своите потреби.

Изборот на локација бара темелно истражување. Посоветувајте се со својата бизнис заедница или со други сопственици или оние кои работеле во тој простор пред вас.

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски