Три напади во Лондон, 6 жртви, 3 мртви терористи
Објавено во: Свет 04 Јуни, 2017
Ноќеска во Лондон завладеа терористички хаос со издвоени напади на препознатливиот Лондон Бриџ, како и Бароу маркетот. Според последните полициски извештаи има најмалку 6 жртви, а тројца терористи се убиени од страна на безбедносните служби десетина минути по започнатите напади.
Најмногу жртви имана Лондонскиот мост каде комбе се залетало во тротоарот и газеле пешаци пред себе. Полицијата пренесува дека околу 30 граѓани се однесени во болница за да им биде укажана помош.
Терористите боделе граѓани и припадници на транспортната служба, а исто така имале канистри но, тие биле лажни и без експлозив.