Три утрински навики кои можат да ви го уништат денот!
Објавено во: Стил 11 Јули, 2014 19:57
Не само гужвата во сообраќајот или изненадниот дожд без чадор на пола пат до работа, и некои други ситуации можат да ви го уништат денот. Ова се три едноставни навики кои можете да ги промените и полесно да го започнете новиот ден.
Прерано внесувате кофеин
Дали навистина постои лош комент за кафе? Одговорот е да. Штом ги отвориме очите наутро, нивото на енергија во нашето тело расте, па шоља кафе веднаш после будењето би предизвикала уште поголем налет на енергија, а како последица се јавува нервоза, тврди доктор Стивен од Универзитетот во Мериленд. Кафето, според неговиот совет, треба да го пиете еден час после будење.
Не доручкувате правилно
Чаша јогурт со дланка ситно овошје можеби звучи како здрав доручек, но затоа до пладне ќе прегладнете.
„Ваков оброк на вашиот организам нема да ви ги даде потребните нутритиенти кои ќе ве направат сити се до наредниот оброк. Здравиот доручек треба да содржи 15 грама протеини, 2,5 грама влакна, сложени јаглени хидрати и малку здрави масти“, вели нутриционистот Мишел Девенпорт .
Прво што правите е одма пред компјутерПроверувањето на меиловите штом ги отворите очите никако не е добар начин да го започнете утрото, бидејќи ќе бидете под стрес цел ден. Наместо тоа научници советуваат да се истегнете, напиете чај или да поразговарате со партнерот или домашните.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





