18 Јануари, 2025
0.0254

Трибина „Скопје не сака токсичен чадор“

Објавено во: Мои пари 17 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Компаните треба да издвојат еден отсто од профитот за редовно одржување на еколошките делови од опремата, односно еколошко прилагодување, смета претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска.

На денешната трибина „Скопје не сака токсичен чадор“ што се одржа во организација на ДОМ, Поповска посочи дека најголем дел од компаниите имаат позитивно работење и коректно е кон вработените еден отсто да се вложи во заштита на животната средина.

- Компаниите досега се повикуваа на финансиската криза која беше реална, но реално е дека имаа и позитивно работење. Доколку во одредена ситуација неможе да се испочитува одреден рок, ако вложувањата се поголеми има фондови за јакнење на еколошките капацитети во државата, а има и можност државата да понуди кредити, рече Поповска.

Според заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски, мониторинг системот покажува дека најзагадени делови во Македонија во последно време се Скопје, Тетово и Битола, со просечно годишни загадувања кои ги надминуваат граничните вредности.

- Географската конфигурација е една од причините што во Скопје зимските месеци загадувањето ги надминува вредностите, покрај воздухот, има и на водата и почвата. Сите големи загадувачи имаат изречено казни, но тие се ниски затоа ги занемаруваат, но има и високи како кај Тораница, кога казната за загадување на Крива Река беше 100-200 илјади евра за компанијата и менаџерите, појасни Темелковски.

Државниот инспектор за животна средина Фирус Мемет нагласи дека големите капацитети при своето работење испуштаат емисии во воздух, почва и вода и оти компаниите прават мерења, но и инспекторите тоа го следат и вршат вондредни мерења. Доколку инспекторите констатрираат поголеми загадувања се преземаат законски мерки.

- Железара согласно локацијата има повеќе индустриски капацитети. За „Макстил“ конкретно и во самата интегрирана еколошка дозвола, која е изготвена и треба уште да се потпише, кажува дека во рок од 30 минути во периодот на палење на печката поради огромната моќ дозволено е испуштање на емисии, меѓутоа потоа тие емисии стивнуваат и во тек на работењето треба да бидат во пропишаните вредности, рече Мемет.

Тој смета дека мора и општините преку своите општински инспектори да излегуваат на терен. Има околу 130 интегрирани еколошки дозволи со поголем капацитет, но тројно поголем е бројот на Б интегрирани дозволи, кои ги издаваат општините и се многу важни во заштитата на животната средина

Можеби ќе ве интересира

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ