04 Мај, 2024
0.0252

Трифун Костовски го запре, ама проектот „висококатници спроти Холидеј ин“ уште е жив

Објавено во: Економија 03 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Изградбата на три 60 катници на паркингот спроти Холидеј ин, која сега ја најавува Кристијан Трајковски, директорот на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор (АДССДП) не е новина. Иако имаше најави, поранешни градоначалници не дозволија да се изградат згради и бизнис центар во овој дел на градот. Еднаш тоа го запре скопскиот градоначалник Трифун Костовски, додека изградба не беше овозможена и за време на Андреј Жерновски кој беше градоначалник на општина Центар.

Трајковски од позиција на директор сега најавува хиперпродукција во земјава па вели дека на оваа локција ќе се градат висококатници.

„Со јавно приватно партнерство и во соработка со општините планираме да направиме хипер продукција. Еден од планираните проекти е за делот кој е урбанизиран на потегот кон касарната Илинден, кој, со одлука на Влада би го презеле во рамки на нашата годишна програма за изградба. Таму би имало деловен комплекс со станбени единици. Исто така и кај паркингот кај Холидеј ин со ДУП-от се предвидени три 60-катници за кои сметам  дека се идеална локација за современ бизнис центар, што му е потребен на Скопје, рече Трајковски во интервју за МИА.

Инаку во време на Костовски за ова место беше предвидена изградба на три висококатници. Костовски тогаш кажа дека градот дава негативно мислење за ДУП „Голем ринг“и за овој проект кој тогашната Влада го сметаше за носење на Менхетн во Скопје. Костовски сметаше дека нема потреба од ваков проект ниту пак дека некому ќе му донесе корист.

Во 2015 година или после неколку години, идејата за изградба на облакодери на паркинг просторот спроти хотелот „Холидеј Ин“ повторно беше актуелизирана. Турскиот инвеститор „Окан Јатарм“ најави дека сака да гради седум висококатници и дека за реализација на овој крупен проект, неопходни се измени во Деталниот урбанистички план „Голем ринг – Исток“. Сепак промената не се случи и најавата не се реалзира.

Самото градежно земјиште се наоѓа во мешовита сопственост, дел од парцелите се во државна сопственост, додека преостанатите локации ги поседуваат приватни лица. 

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски