15 Мај, 2024
8.8173

ТРИКОВИ НА ТАСТАУРА: Кратенки кои треба да ги знаете

Објавено во: Стил 03 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Доколку сакате да бидете брзи во текот на работата на компјутер, неопходно е да откриете трикови кои штедат време. Можете ли да поверувате дека „маусот“ (глувчето) нема да ви биде потребен?

Дали тоа е доволна причина да почнете да ги користите кратенките?

Ако е, еве неколку кои може да ги примените во речиси сите програми на компјутерот.

SHIFT + END

Го селектира цел ред однапред, од положбата на маусот до крајот на редот.

SHIFT + HOME

Го селектира цел ред одназад, од положбата на маусот до почетокот на редот.

CTRL + T

Отвара нова страница (tab) во било кој интернет пребарувач (кој поддржува табови.

CTRL + L

Ве позиционира во траката за пребарување во рамки на интернет пребарувачот или во  Search/Полето за пребарување во некој друг програм

CTRL + BACKSPACE

Ги бриша сите зборови, како во Ворд документ, така и во други програми во кои се внесува текстот.

CTRL + СТРЕЛКА

Го поместува курсорот (Подвижен индикатор на екран со кој се посочува објектот што треба да се активира по следното притискање на тастерот на глувчето), доколку ги користите стрелките за лево и десно, однсно прескокнува од пасус до пасус, ако ги користите стрелките за горе или долу.

SHIFT + СТРЕЛКА

Селектира/Означува, збор по збор лево или десно или цели редови ако користите горе или долу.

SHIFT + CTRL + СТРЕЛКИ

Ги означува сите зборови (лево-десно) или сите пасуси (горе-долу).

WINDOWS taster + Tab

Мултитаскинг, скокате од програм во програм, како на Андроид телефон

ALT + Tab

Слично како и горната кратенка го активира мултитаскингот на  Windows, но на поинаков начин

WINDOWS taster + L

Го заклучува компјутерот, односно корисникот се одјавува и се појавува екранот добродојде (welcome)

WINDOWS taster + D

Ги трга сите отворени прозори од екранот и го прикажува Десктопот на Windows. Не ги затвора сите прозори, туку само ги минимизира.

WINDOWS + M

Исто како кратенката погоре.

CTRL + SHIFT + T

Ја отвара затворената страница/таб во интернет пребарувачот

CTRL + SHIFT + ESC

Отвара прозор со процесите во  Task Manager програмот.

CTRL + ALT + DELETE

Пријава на  Windows системот