ТРИМЕСЕЧЕН ПЛАН ЗА УКИНУВАЊЕ НА ДИНАРОТ: Дали ова ќе им помогне на косовските Срби?
Објавено во: Балкан 12 Февруари, 2024
На Косово има тримесечен план за укинување на динарот.
Централната банка на Косово објави нов план за имплементација на одлуката за укинување на користењето на српскиот динар за готовинско плаќање. Преодната фаза за имплементација на новата регулатива, која стапи во сила на 1 февруари, ќе трае три месеци. Се предвидува функционализација на бесплатна телефонска линија за информирање на граѓаните од српска националност кои користат средства од Србија и олеснување на условите за отворање банкарски сметки. Покрај тоа, се најавува инсталирање на повеќе банкомати и други електронски уреди, или финансиски самопослужувања, како и олеснување на процесот на размена на динари со евра од страна на лиценцирани финансиски и менувачки институции.