09 Октомври, 2024
0.0325

ТРИО ЗА КОЕ СЕ ЗБОРУВА: Приказната за скопскиот бенд „Кабадајас“

Објавено во: Стил 24 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Се инспириравме од кабадајлукот како карактерна особина, убаво претставен во еден македонски документарец за битолските кабадаи. И така низ шега и смеа, додека го снимавме првиот албум остана и името, открива басистот Џоле Максимовски

„Од понеделник“ е насловен вториот авторски проект на скопскиот бенд „Кабадајас“ кој на 2 мај концертно ќе биде промовиран во ноќниот клуб „Станица 26“. Албумот е во издание на концертната агенција и продукција „3Гонга“ и е снимен во три различни студија, кај Мите Димовски во „Тра Ла Ла“, во „Алшар студио“ на Ивица Јанкуловски и во музичката работилница „Вода Медиа“ на Павле Васиљевиќ. Како специјални гости се потпишани вокалистките Марија Димитријевиќ и Светлана Јовановска Трајкоска и Павле Васиљевиќ (клавијатури и програмирање). Првиот тираж е 1.000 примероци, а албумот најверојатно ќе биде издаден и на винил.

Прочитајте ја приказната за нивното создавање овде.