15 Декември, 2025
0.0523

ТРОЈЦА МЛАДИ МАКЕДОНЦИ ИСЧЕЗНАА ВО МОРЕТО НА ХАЛКИДИКИ: По роденденска прослава скокнале во морето и ги однеле брановите, во тек е голема потрага со хеликоптери и бродови

Објавено во: Македонија 09 Јули, 2022 21:05

Добивај вести на Viber

Пристанишните власти на Халкидики алармираат поради откривање на исчезнати капачи во морската област Посиди.

На плажата „Мити“ пливале туристи, пренесува Екатемерини повикувајќи се на локалните медиуми.

Како што јави грчката телевизија „Скај“, исчезнатите го прославувале роденденот на забава на плажа. Тие скокнале во водата и ги однела струјата. 

Крајбрежната стража била информирана од капачи кои виделе како тројцата млади момчиња ги понесле брановите и морската струја. Крајбрежната стража привела еден државјанин на Северна Македонија, додека потрагата по двајца се уште трае. Исчезнатите се на возраст од 20 и 23 години.

Мобилизацијата на властите била веднаш, а по исчезнатите тргнале и приватни чамци.

Во спасувачката акција биле ангажирани хеликоптери и три брода на крајбрежната стража. Во ова подрачје дува ветер од 5 до 6 бофори.

„Локалните жители го избегнуваат ова место“

За среќа, еден е спасен и тој брзо бил префрлен во болница на Халкидики бидејќи проголтал многу морска вода, изјави спасувачот за ТВ ЕРТ.

Градоначалникот на Касандра за newsvit.gr вели дека тројцата мажи скокнале во водата на место кое е опасно поради морските струјата.

- Локалните жители го знаат ова место и го избегнуваат, но не и некои од туристите - рекол првиот човек на Касандра.

Во изјава за ТВ Алфа, очевидци рекоа дека „тројца мажи во морето одеднаш исчезнале од очите на останатите“. Мештаните велат дека поради северозападните ветрови, капачите не можеле да пливаат назад до брегот.


Можеби ќе ве интересира

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија