Тројката кредитори бараат од Грција да ја забрза приватизацијата
Објавено во: Балкан 07 Ноември, 2013 10:53
Меѓународните кредитори, бараат од грчката Влада да го забрза процесот на приватизација на државниот имот.
Приватизацијата на државните компании е меѓу условите на кредиторите за продолжување на финансиската помош за Грција.
Грчката Агенција за приватизација соопшти дека подготвува процедури за продажба на илјада од вкупно 3.000 државни имоти, од кои се очекува заработувачка од 4,5 милијарди евра.
Меѓу предложените објекти за приватизирање се хотели, аеродроми, компаниите кои управуваат со пристаништата во Пиреја и Солун, регионални пристаништа, автопатот „Игнација“, „Грчката пошти“ (ЕЛТА) и други државни објекти.
Грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас изјави дека приватизациската програма на Владата се извршува успешно, а зделките во врска со неа донеле приходи во износ од 3,5 милијарди евра, од кои во буџетот веќе влегле 1,9 милијарди евра.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




