03 Јули, 2024
0.0266

Цената на нафтата падна под 40 долари за барел

Објавено во: Свет 22 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Цената на нафтата падна под 40 долари за барел на берзата во Њујорк за прв пат од март 2009 година поради знаците дека светската презаситеност ќе продолжи, соопштува „Bloomberg“.

Цените се намалија за речиси 35% по пикот за годината во јуни, бидејќи производителите го задржаа своето производство дури откако обилното снабдување ги притисна цените на пазарот. Цената на суровата нафта може да се сруши до 32 долари за барел поради тековниот светски вишок, изјави „Citigroup“ во извештај од 19 август. Загриженоста околу економскиот раст на Кина ќе ја намали побарувачката.

„Јасно е дека големите производители - Саудиска Арабија, Русија, САД и други, се борат за удел на пазарот“, изјавил Џон Килдиф, партнер во американскиот хеџ фонд „Again Capital LLC“.

Суровата нафта за испорака во октомври се намали за 1,20 долари или 2,9% до 39,94 долари за барел во средината на сесијата на „New York Mercantile Exchange“. Нафтата од типот брент за октомври се намали за 3% до 45,21 долари за барел на лондонската берза.

Нафтените рамнотежи покажуваат дека обилното снабдување во 2015 година ќе продолжи, што „нè тера да се запрашаме до каде може да стигне нафтата“, велат аналитичарите на „Citigroup“, предводени од Сет Клаинман.

„На крајот понудата и побарувачката ќе се изедначат, но тоа ќе потрае некое време“, изјавил Чип Хоџ, кој управува со портфолио обврзници за 9 милијарди долари, како извршен директор во „John Hancock“.

Резервите на сурова нафта во САД се зголемија до 456,2 милиони барели во текот на неделата до 14 август, речиси 100 милиони барели над пет години средни нивоа. Производството на земјата е зголемено за 8,8% во однос на минатата година до 9,52 милиони барели на ден во јули, највисоките резултати од 1920 година, изјавија од „American Petroleum Institute“ во четвртокот.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) ја добила квотата од 30 милиони барели на ден за малку повеќе од една година, покажуваат податоците на „Bloomberg“.

Саудиска Арабија изјавила дека „ОПЕК“ и нејзиното производство за јуни достигна рекордно ниво, и го надмина претходниот рекорд од 1980 година.

Можеби ќе ве интересира

ПОЖАР ВО ТУРЦИЈА: Гори кај Измир, жителите се евакуирани

ПОЖАР ВО ТУРЦИЈА: Гори кај Измир, жителите се евакуирани

ЕДНА НЕДЕЛА ОТКАКО АСАНЖ Е СЛОБОДЕН: Викиликс објави тајни документи за тоа што планира Израел за цивилите во Газа

ЕДНА НЕДЕЛА ОТКАКО АСАНЖ Е СЛОБОДЕН: Викиликс објави тајни документи за тоа што планира Израел за цивилите во Газа

ЗАГРИЖЕН Е ЗА ИДНИНАТА НА МЛАДИТЕ ЕВРЕИ, ТАМУ СЕ ОДАМНА, НО... - главниот рабин разочаран по успехот на екстремната француска десница

ЗАГРИЖЕН Е ЗА ИДНИНАТА НА МЛАДИТЕ ЕВРЕИ, ТАМУ СЕ ОДАМНА, НО... - главниот рабин разочаран по успехот на екстремната француска десница

„МЕКДОНАЛДС“ ГО СКРАТУВА ВРЕМЕТО ЗА ПОЈАДОК: Птичјиот грип „ги изеде“ јајцата

„МЕКДОНАЛДС“ ГО СКРАТУВА ВРЕМЕТО ЗА ПОЈАДОК: Птичјиот грип „ги изеде“ јајцата

ЌЕ ЈАДЕМЕ ГМО? ЕУ одобри негова употреба

ЌЕ ЈАДЕМЕ ГМО? ЕУ одобри негова употреба

ЕВЕ КАКО СЕ БУДИ ЕТНА: Иако не ни спиела последниве години

ЕВЕ КАКО СЕ БУДИ ЕТНА: Иако не ни спиела последниве години

ФРАНЦИЈА ИМА КОНКУРЕНТ: Eвропска земја ќе ја надмине по бројот на туристи

ФРАНЦИЈА ИМА КОНКУРЕНТ: Eвропска земја ќе ја надмине по бројот на туристи

ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ПОРАКА ОД ЛЕ ПЕН: Макрон сака да изврши административен удар

ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ПОРАКА ОД ЛЕ ПЕН: Макрон сака да изврши административен удар

НЕМАМЕ КРАЛЕВИ ВО АМЕРИКА: Бајден остро ја критикуваше одлуката на Врховниот суд

НЕМАМЕ КРАЛЕВИ ВО АМЕРИКА: Бајден остро ја критикуваше одлуката на Врховниот суд