20 Декември, 2025
0.0684

Ценовна војна на повидок на гасниот пазар

Објавено во: Економија 04 Февруари, 2016 15:57

Добивај вести на Viber

Загриженост за нова војна на глобалниот пазар на гас се појави, откако стана јасно дека во овој месец почнува снабдувањето со природен гас меѓу САД и Литванија.

Аналитичарите прашуваат дали руската компанија Газпром нема да ја преземе истата стратегија како онаа на Саудиска Арабија на нафтениот пазар.

Намалувањето на цените на гасот е последното нешто што и треба Русија во моментов. Земјата веќе е погодена од ниските нафтени цени.

Аналитичарите сметаат дека таквата стратегија е економски рационална за "Газпром". Сегашните ниски цени на европскиот пазар на гас значат дека руската компанија може релативно лесно да ги намали цените до нивоа на кои увозот на течен гас од САД ќе излегува неповолен. Ова е начинот на кој гасниот гигант "Газпром" може да го брани својот удел на пазарот во регионот, од кој доаѓаат неговите најголеми добивки, пишува Фајненшл тајмс.

Ако испораките на природен гас од САД се значителни, "Газпром" ќе биде принудена да реагира. Таков пазарен потег може да доведе до последици за глобалните енергетски пазари. Ценовна војна на европскиот пазар на гас ќе влијае на сите останати региони и стоки - од австралискиот течен гас до колумбискиот јаглен. Истовремено пазарниот потег би се заканил на одржливост на индустријата на течниот гас во САД.

Според експертите, ако "Газпром" тргне на ценовна војна, таа ќе биде предводена од две главни цели. Компанијата ќе се стреми во краткорочна перспектива да ги запре испораките на американски течен гас на европскиот пазар, а долгорочно да престане со амбициите за нови инвестиции во проекти за терминал за течен гас.

Можеби ќе ве интересира

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“

Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра

Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра

Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка

Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри