18 Мај, 2024
0.0270

ЦЕНОВНИ ПРОБЛЕМИ: Има ли нешто што не поскапи пред Велгиден?

Објавено во: Економија 11 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Празничниот ценовен шок во пресрет на христијанскиот празник Велигден, и годинава не изостана. Во маркетите и на зелените пазари единствено јајцата останаа со непроменета цена, а цените на останатите производи како зеленчукот, овошјето, месото се повисоки од деновите пред празничното пазарење. Јагнешкото кое лани се продаваше по цена од 299 до 310 денари за килограм, годинава килограм јагнешко пред Велигден чини од 350 до 380 денари. За потрошувачите веќе не e невообичаено предпразничното поскапување на производите за велигденската трпеза,особено на јагнешкото месо. Засега нема проценки со каков профит ќе завршат месарниците овој Велигден. Некои очекуваат поголема продажба, но други пак велат дека профитот ќе биде помал од ланскиот предпразничен шпиц. Јагнешкото месо важи за месо кое секогаш држи висока цена. Македонците вообичаено најмногу купуваат јагнешко за Божиќ и Велигден, но на пример хрватите речиси секој викенд на трпезите имаат јагнешко месо. Месарниците во земјава единствена тријат раце од продажбата на јагнешко, само за овие два празника. Лани цената цената на јагнешкото пред Велигден беше пониска и во споредба со претходната 2013-та година,  поради конкуренцијата на пазарот, но месарниците минатиот Велигден и покрај тоа што очекуваа пониски приходи, не ја зголемија цената, што не е случај годинава. meso Нагорна корекција на цените за 30 до 60 денари има и кај зеленчукот, овошјето, сувомеснатите, свинското месо. Само јајцата остнаа со непроменета цена која се движи од 5,5 до 7 денари за јајце. Пазарите и маркетите се преполни, но според трговците, граѓаните се повеќе штедат и помалку купуваат. Пораст на трошоците на живот и цените на мало на дел од овие производи на месечно ниво регистрираше и статистиката. Така во март споредено со февруари е забележан пораст од 4,8 отсто на трошоците на живот кај овошјето, 2,5 проценти кај зеленчукот, 0,1 отсто кај млекото, сирењето. pazaruvanje-   За истиот споредбен период пораст на цените на мало е регистрирано кај земјоделските производи за 2,6 отсто, за 0,2 отсто кај пијалоците, а кај прехрабмените производи цените на мало се зголемиле за 0,7 отсто.   Извезени над 150 илјади јагниња, болеста син јазик го намали извозот Според податоците од Агенцијата за храна и ветеринарство, од почетокот на годинава заклучно со 7 април, од шестте кланици, на пазарите во Италија Грција, Хрватска, Црна Гора, Србија и Бугарија извезени се вкупно 156 илјади јагниња односно над 1,3 милиони килограми јагнешко месо. Традиционално и годинава најголем пазар за македонското млечно јагне е италијанскиот, каде досега се пласирани скоро 915 илјади килограми јагнешко месо односно приближно 115 илјади јагниња. jagne-300x200 -Во истиот период  на вториот по големина годинешен пазар за македонско млечно јагне – Грција, досега извезени се приближно 287 илјади килограми јагнешко месо, односно 27,5 илјади јагниња.  Во истиот период во Хрватска се пласирани нешто повеќе од 105 илјади килограми јагнешко или околу 10 илјада грла, а на пазарот во Црна Гора во истиот период извезени се нешто повеќе од 27 илјади килограми јагнешко, односно нешто повеќе од 2 илјади јагниња. Помали количини јагнешко месо од почетокот на годинава досега, извезени се и на пазарот во соседна Србија (14,5 илјади килограми јагнешко месо односно околу илјада јагниња) како и на пазарот во Бугарија каде се пласирани 5.905 килограми јагнешко месо или 521 јагне.Извозот на јагнешко месо на странските пазари годинава се одвива без проблеми. Финишот на оваа извозната кампања е деновиве, непосредно пред велигденските празници, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство. Од поголемите кланици велат дека годинава извозот е намален поради болеста син јазик, поради која лани изумреа многу овци. -За разлика од лани кога нашата компанија регистрираше зголемување на извозот од 20 до 30% годинава имаме пад. Тоа се должи на ситуацијата што беше актуелна есента кога од болест многу овци изумреа. И годинава продажната цена се движи од 4 до 5 евра во зависност од квалитетот на јагнето, но и неговата обработка. Македонското јагне е со висок квалитет и затоа е повеќе барано од Италијанците. Наши конкуренти се Романците, Бугарите и Грците иако факт е дека нивното јагне има послаб квалитет, но затоа и нивната цена е пониска, изјавија деновиве во медиумите од кланицата “Серта компани”. Откупната цена моментално на јагнињата жива мера се движи околу 150 денари за килограм, во шпицот пред празниците достигна и до 160 денари.Сточарите реагираат дека не е во ред што кланиците прво почнуваат да откупуваат по пониска цена, а потоа последните денови од извозниот шпиц ја зголемуваат. -Оваа цена од 165 денари за килограм е од вчера, претходно почнаа со 13, потоа 140, 150 денари и затоа годиава има помалку јагниња. Калиниците си се договараат меѓу себе, тие се како монопол и се формираат цени, ние ништо не можеме да изреагираме. Затоа баравме да се укине мерката за забарана за извоз на живи јагниња, за да се направи конкуренција, бидејќи има интерес од странците за увоз живи јагниња.Ние немаме политики за да се спречи тоа монополско однесување од страна на кланиците. Но добро е што годинава барем субвенциите ги земавме за да се покриеме со трошоците и што цената на добиточната храна е намалена, вели Меџит Алити,  претседател на здужението на одгледувачина овци “Шар Планина”, Тетово. Се намалува бројот на овци Овчарството е една од извозно ориентираните земјоделски гранки, од која во земјава годишно влегува девизен прилив од 11 до 15 милиони евра. Познавачите велат дека со искористување на природните ресурси и со зголемување на бројот на овци, девизниот прилив би достигнал и до 40 милиони евра годишно.Во однос на бројот на овци, во извештајот стои дека и покрај погодните географско-климатски услови со над 54% пасишта од вкупната земјоделска површина, овчарството бележи тренд на постојано намалување . subvencii_ovci_g111_0 Според статистичките податоци во 2008 година имало 817.000 овци, во 2009 година бројката е намалена на 755.000 овци, 778.000 овци имало во 2010 година а во 2011 година вкупниот број на овци изнесува 766.631 грла, а во 2013-та бројот на овци е околу 730 илајди. Според сточарите реално на терен борјките се помали од статистичките, и бројот на овците е околу 600 илјади. Овие бројки се поразителни, ако се има во предвид дека некогаш во македонските трла имало два милиони овци. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа