Ципрас ја укинува партиципацијата од пет евра во здравството
Објавено во: Балкан 03 Април, 2015 11:26
Премиерот на Грција Алексис Ципрас рече дека денеска неговата влада ќе ја засили здравствената заштита во земјата со вработување на 4500 специјални работници.
Ципрас најавува и укинување на обврските на партиципацијата од пет евра за преглед во јавните болници.
Тој во министерството за здравство рекол дека во последните неколку години се усвоени реформи како дел од мерките на штедење кое од Грција го бараа меѓународните кредитори, кои го нарушија здравствениот систем, како и тоа дека неговата влада работи на нивно укинување.
„Националниот здравстевн систем имаше проблеми пред мерките на штедење, но очигледно дека последните четири ии пет години се превземени реформи и мерките беа нуклеарна бомба за неговите темели“, рече Ципрас.
Тој објави дека неговата влада ќе ја укине „неприфатливата“ партиципација од пет евра за преглед на пациенти во државните болници.
Веќе работиме на укинување на мерки кои допринесуваат за уништување на здравствениот систем“, рекол Ципрас , наведувајќи ги реформите во итната помош , фармацијата, менталното здравје и поставување на лекари во руралните средини.
Грција од 2010 зависеше од спасувачкиот пакет вреден 240 милијарди евра од ММФ и партнерите од ЕУ.
Цирпас е избран во јануари, врз основа на ветувања дека ќе се откаже од тешките услови на финансиската помош, кои вклучуваа и големо намалување на јавната потрошувачка и зголемување на данокот.
Но, и покрај тоа, владата од кога дошла на функција, ублажи многу предизборни ветувања, а во моментов води напредни преговори со кредиторите за новите реформи кои од Атина се бараат за да и ја одобрат преостанатата транша од 7,2 милијарди евра помош.
Според текстот на реформите до кои дојде Financial Times, Грците предлагаат помеѓу останатото и реформа на даночниот систем и одлучни мерки против корупција.
Се очекува новите реформи во однос на поранената листа оваа година да и донесат помеѓу 4,7 и 6,7 милијарди евра.
Неименуван претставник на грчката влада наведува дека текстот за реформи кој излезе во јавноста претставува „работна верзија“ која се користи како основа во преговорите и не е конечно договорена.
Тој претставник нагласи дека иако таа работна верзија изнесува можност на примаерн суфицит, поголем од 1,5 одсто од БДП, тој можен вишок нема да биде користен за исплата на долгот. На Грција рапидно и недостига готовина, бидјеќи овој месец завршува исплатата на долгот на ММФ.
Атина се надева дека ќе добие барем дел од преостатаната помош од кредиторите, како би избегнала да стане неликвидна и да може да исплати плати и пензии.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




