19 Мај, 2024
0.0305

Ципрас побара ММФ да остане надвор од третиот спасувачки пакет за Грција

Објавено во: Балкан 21 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Грчкиот премиер Алексис Ципрас побарал ММФ да остане надвор од третиот пакет за спас на Грција, пренесе британскиот весник „Фајненшл тајмс“.

Во интервју за весникот Ципрас вели дека има проблем со неконструктивното однесување на Меѓународниот монетарен фонд во однос на економските прашања поврзани со Грција.

„Фајненшл тајмс“ коментира дека со својата позиција грчкиот премиер и ја пренесува на еврозоната целосната одговорност за реализација на бараните реформи  од Атина во замена за третата финансиска помош во износ од 86 милијарди евра.

„Сметаме дека по шест години на управување на оваа вонредна кризна ситуација Европа веќе ја има институционалната способност да се справи успешно со внатрешните европски прашања“, изјавил Ципрас за весникот.

Весникот коментира дека тврдењата на грчкиот премиер по секоја веројатност ќе ја налутат германската влада, која секогаш настојувала ММФ да остане во спасувачката програма за Грција.

Во интервјуто Ципрас ја потврдува намерата на грчката влада да ги почитува преземените обврски кон доверителите со „цел враќање на националниот суверенитет во економската политика“.

„Сметаме дека колку побрзо излеземе од програмата, толку е подобро за земјата“, наведува грчкиот премиер и додава дека до јануари земјата ќе реализира над 70 отсто од економските мерки утврдени во договорот со доверителите.

Ципрас е оптимист дека земјата ќе може да добива кредити од меѓународните пазари на капитал „пред крајот на 2016 година“.

Според него реализацијата на договорот со доверителите е „тежок, но подобар од било кој друг избор“.

ММФ инсистира на кратење на пензиите - нешто што владата во Атина се обидува да го избегне, забележува весникот. Од Фондот се скептични и за најавените предвидувања од Грција за зголемување на приходите во 2016 година.

Можеби ќе ве интересира

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел