03 Јули, 2024
0.0282

„Црн понеделник“ за европските берзи

Објавено во: Свет 24 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Распродажбите кои ја покосија Азија, продолжуваат и на берзите во Европа. Европските акции поевтинуваат нагло на почетокот на трговијата првиот ден од новата недела, забележува „CNBC“.

1

Во Грција водечкиот индекс „ASE“ бележи пад од 3,66% до 612,05 поени очекувајки ја предизборната кампања, која ја опфаќа земјата, откако минатата недела премиерот Алексис Ципрас поднесе оставка.

Распродажбите на глобалните пазари се продлабочуваат. Уште во петокот индексите на „Wall Street“ инкасираа големи загуби, кои се размножија во азиската трговија во понеделникот. Така кинескиот берзански индекс „Shanghai Composite“ запиша најлош ден од 2007 година.

Општо земено месец август се карактеризира со најголема пазарна нестабилност од кој и да е месец од пред 25 години. Индикациите се дека денес „Wall Street“ исто така ќе отвори со остри намалувања.

Во овој момент акциите на приносите „Glencore“ и „Anglo American“ се уриваат со 6%, а оние на „Seadrill“ и „Tullow Oil“ поевтинуваат за 5,5%.

Акциите на „Fiat Chrysler“ и „Renault“ се двете најголеми губитници помеѓу автомобилските производители. Тие поевтинија за 3,6% и 4,2%.

Падот не го одминува и технолошкиот сектор. На Стариот континент „United Internet“ и „Dialog Semicon“ губат по 5,6% од пазарната капитализација.

Акциите на шпанската „Abengoa“ се единствените во зелено, кои поскапеа за 2,5%, откако компанијата потпиша договор вреден 93 милиони долари за изградба на нов пристанишен терминал во Уругвај.

Акциите на британската „Lloyds Bank“ поевтинија за 2% по веста дека владата го намалува својот удел под 13%.

На пазарите на суровините на нафтата брент за испорака во октомври поевтини со 2,66% до 44,25 долари за барел. Договорот за суровата нафта се движи надолу со 2,89% до 39,28 долари.

На распродажба на акции , златото се тргува по цена од 1 157,90 долари за унца, а еврото се приближува до 7-месечен врв во однос на доларот по стапка од близу 1,15 долари, откако поскапе за 0,9% до 1 , 1483 долари за едно евро.

Во Азија трговијата помина исто толку песимистички, како и сите главни берзи кои затворија на црвена територија. Водечки во пад беше кинескиот репер „Shanghai Composite“ кој ја забележа најтешката сесија за последните речиси четири години.

2

Можеби ќе ве интересира

ПОЖАР ВО ТУРЦИЈА: Гори кај Измир, жителите се евакуирани

ПОЖАР ВО ТУРЦИЈА: Гори кај Измир, жителите се евакуирани

ЕДНА НЕДЕЛА ОТКАКО АСАНЖ Е СЛОБОДЕН: Викиликс објави тајни документи за тоа што планира Израел за цивилите во Газа

ЕДНА НЕДЕЛА ОТКАКО АСАНЖ Е СЛОБОДЕН: Викиликс објави тајни документи за тоа што планира Израел за цивилите во Газа

ЗАГРИЖЕН Е ЗА ИДНИНАТА НА МЛАДИТЕ ЕВРЕИ, ТАМУ СЕ ОДАМНА, НО... - главниот рабин разочаран по успехот на екстремната француска десница

ЗАГРИЖЕН Е ЗА ИДНИНАТА НА МЛАДИТЕ ЕВРЕИ, ТАМУ СЕ ОДАМНА, НО... - главниот рабин разочаран по успехот на екстремната француска десница

„МЕКДОНАЛДС“ ГО СКРАТУВА ВРЕМЕТО ЗА ПОЈАДОК: Птичјиот грип „ги изеде“ јајцата

„МЕКДОНАЛДС“ ГО СКРАТУВА ВРЕМЕТО ЗА ПОЈАДОК: Птичјиот грип „ги изеде“ јајцата

ЌЕ ЈАДЕМЕ ГМО? ЕУ одобри негова употреба

ЌЕ ЈАДЕМЕ ГМО? ЕУ одобри негова употреба

ЕВЕ КАКО СЕ БУДИ ЕТНА: Иако не ни спиела последниве години

ЕВЕ КАКО СЕ БУДИ ЕТНА: Иако не ни спиела последниве години

ФРАНЦИЈА ИМА КОНКУРЕНТ: Eвропска земја ќе ја надмине по бројот на туристи

ФРАНЦИЈА ИМА КОНКУРЕНТ: Eвропска земја ќе ја надмине по бројот на туристи

ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ПОРАКА ОД ЛЕ ПЕН: Макрон сака да изврши административен удар

ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ПОРАКА ОД ЛЕ ПЕН: Макрон сака да изврши административен удар

НЕМАМЕ КРАЛЕВИ ВО АМЕРИКА: Бајден остро ја критикуваше одлуката на Врховниот суд

НЕМАМЕ КРАЛЕВИ ВО АМЕРИКА: Бајден остро ја критикуваше одлуката на Врховниот суд