03 Мај, 2024
0.0247

„Црна листа“ за Сорос и 12 организации во Русија

Објавено во: Колумни 11 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

И покрај тоа што претседателот Владимир Путин има рејтинг близу 90 проценти и апсолутна власт во земјата, тој изненадува со „иновативни потези“. Кон крајот на мај годинава тој  го потпиша Законот кој дозволува забрана на работата во Русија на странски невладини организации, кои што ќе бидат признати за „непосакувани“. Ваквиот чекор се заканува со забрана на создавање на нивни филијали во Русија, на распространување на информациион материјали, во тие рамки и преку медиумите, а исто така спроведување во Русија на сопствени проекти. Дали некоја странска невласина организација ќе биде прогласена за „непосакувана“ ќе одлучуваат Јавниот обвинител или негови заменици во соработка со руското министерство за надворешни работи. Како резултат на овој закон, неделава, Советот на Федрацијата едногласмно го одобри таканаречениот „Патриотската стоп листа“ - список од 12 странски некомерцијални организации, кои, како што сметаат сенаторите можат да бидат искористени за дестабилизација на ситуацијата во Русија. Во сегашниот список, кој може да биде и проширен во иднина, влегоа такви организации како Фондот на  Чарлс Стјуарт Мот, фондот „Образование за демократија“, Фондот на Сорос, Фонд Мекартур, Freedom House, Националниот фонд за демократија, Меѓдународниот републикански институт, Национальниот демократски институт за меѓународни прашања, а освен нив и уште украински организации. Некои од овие, не работат во Русија. Фондот Отворено општество, на пример, се повлече од Русија уште во 2003 година. И тоа под притисок. А можеби Русите занеја и нешто повеќе околу неговата активност. Дотолку повеќе што, една година потоа во Украина се случи „Портокаловата револуција„. Според првиот човек на Советот на федерација, Валентина Мативиенко, Русија за прв пат во последните 25 години се соочила притисок без преседан. Оттука, вели таа, „Ние не смееме да дозволиме странски организации да ја разнишуваат ситацијата во нашата земја“. Сенаторите признаа дека некои од организации од списокот не се активни во Русија, тие користат разни канали за финансирање на руските некомерцијални организации, од кои најголем број се невладини организации. Според нив во 2013 и 2014 година разни странски фондови и институти испратиле во Русија 500 милиони рублји, што според тогашниот курс изнесува  150 милиони долари. Според некои од сенаторите тие организации се занимавале со наводни човековите права, а најважно им било колку луѓе можат да извадат на улица. Освен тоа тие организации не се занимавале, на пример со правата на Русите во Украина и во Балтичките земји. Во ови две реченици се чини се крие целата вистина за „Патриотската стоп листа“. Во намерите да се сосече во корен секоја помисла на некакво опозиционо делување, власта во Русија отиде уште еден чекор подалеку. Стравот од некоја „обоена револуција“ е присутен и покрај сознанијата и фактите дека во Русија практично нема организирана опозиција, а и онаа што ја има е  маргинализирана.  Фактот што се споменуваат Русите во Блатикот и Украина е потврда на долгорочната стратегија што се спроведува и ќе се спроведува од страна на Русија. А тоа е нивната заштита. Таа за почеток би можела да биде со институционални мерки.  Како ќе продолжи доколку тие не успеат засега е длабока тајна, иако има многу шпекулации на таа тема.. Првите реакции на некои од организациите од списокот беа дека тие жалат за таквите мерки, дотолку повеќе што повеќето од нив не се финансирани од државни пари, туку се работи за приватни фондации. На пример, претставник на Фондот Мекартур изјави дека тој се занимавал со образовни активности, а исто така ги поддржувал граѓанските и правозаштитните организации, кои им помагале на слабите претставници од граѓанското пштество. Според Лев Пономарјов, раководител на движењето „За права на човркот“, кое добивало средства од Фондот Мекартур, властите не излегле со ниту еден факт дека организациите од списокот се борат против Русија.- Да, ние се бориме со самоволието на полицијата, со самоволието во затворите, со самоволието на чиновниците. И обвинителството го прави истото. Сега со претседателски грант го правиме истото тоа, што го правевме со грантот од Фондот Мекартур, вели Пономарјов. „Патриотската стоп листа“ е втора фаза од намерата да се ограничи работата на странски донатори во Русија. Првата фаза беше донесувањето на Законот за некомерцијални – непрофитни организации. Во согласнст со тој закон, сите тие организации мораа да се самопрогласат, а потоа со дополнувања на законот, можеа да бидат и прогласени за „Странски агенти“ по многу основи, ако за тоа добиваат „парични средства и друг имот од странски држави, меѓународни и странски, странски граѓани...“ Со него некоја општествена активност би можела да се прогласи како политичка, па затоа тие многу лесно ќе бидат прогласени за „странски агенти“, израз кој во многу земји има предавничка конотација. Приврзаниците на законот сметаат дека тој во целост е копија на американскиот закон за лобирање (FARA), што значи дека и тој е во рамките на меѓународните демократски норми. Целат на законот, според нив, е да се намали влијанието на странски држави врз политиката на државата. Противниците на рускиот закон велат дека, американскиот закон е насочен кон лоби-фирмите, кои мора да се регистрираат како странски агенти, додека руските е директно насочен кон невладините организации. Со рускиот закон се одеше до апсурди, па како странски агенти мораа да се регистрираат и организации кои работат на поттикнување на конкуренцијата, кои ги следат изборите, а врв беше прогласувањето, „заради политичка активност“, на фондот „Династија“ за странски агент, иако парите, стотици милиони рубљи годишно, се даваа за поттикнување на науката. Стотици научници можеа да работат научно истражувачка работа. а беа давани од Русин чии фирми се наоѓаат надвор од земјата. Околу ова одлука на обвинителството се крена голема врева во начната средина и воопшто во Русија, особено во време на недостиг на државни средства за научна работа. Според министерот за правда на Русија, Александар Коновалов „политичката активност на „Династија“ се состоела во финансирањето на фондот „Либерална мисија“, кој од друга страна, учествувал во организација и спроведување на политички акции, во тие рамки и со користење на современи информациони технологии...“ Епилогот следеше по извесно  време. Основачот на „Династија“, Димитриј Зимин, деновиве одлучи фондот да се ливидира, а бројните научни работници остануваат без средства за научна работа. Во  време на една јавна расправа во нашето Собрание, пред две години, конкретно за новите медиумски закони, од новинари можеа да се слушнат повици странски агенти, по теркот на Русија , да се прогласуваат и кај нас. Тоа не ќе беше ништо ново ако не се чуеше во Собранието. Дотогаш слични повици и оцрнувања на невладини организации имаше, а има и денес во медиумите блиски на власта. Но, заговорниците на овие потези, кои ја озвучуваат власта, забораваат дека за странски агент, пред се, ќе треба да биде прогласена Република Македонија. Од проста причина што изминативе години има добиено милијарди евра грантови и донации по разни основи. Затоа таа треба прво да се самопрогласи за странски агент. Ако навистина и не е тоа? Мирче Адамчевски

Можеби ќе ве интересира

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина