24 Април, 2024
0.0254

ТТК Банка АД Скопје со нова експозитура во Скопје, Дебар Маало

Објавено во: Мои пари 28 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

ТТК Банка АД Скопје свечено ја отвори денеска новата експозитура во Дебар Маало во Скопје.

Експозитурата во современо опремен простор кој се наоѓа на булеварот „Партизански одреди“ бр. 26а, ќе работи секој работен ден, од понеделник до петок, со работно време од 8:00 до 16:00 часот и ќе ги опслужува сегментите на физичките и на правните лица со сеопфатни банкарски услуги. Во рамките на експозитурата ќе функционира и банкомат кој намалувајќи го потребното време и трошоци за исплата на готовина, независно од работното време на експозитурата, ќе понуди подобро искуство за корисниците.

“Со особено задоволство денес свечено го означуваме почетокот на работата на новата експозитура во населбата Дебар Маало. ТТК Банка АД Скопје ја проширува својата деловна мрежа на уште една атрактивна локација во Скопје, во општина Центар. Следејќи ја главната цел да биде прв и сигурен избор, со своето искуство, традиција и професионалност, Банката континуирано се стреми кон унапредување на работењето. Денес, во актуелните услови на епидемија, Банката ја зголемува достапноста на производите и услугите што ќе ја олесни реализацијата на секојдневните финансиски потреби на корисниците, жителите на Општина Центар, односно градот Скопје” - истакна Претседателот на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје, д-р Драгољуб Арсовски.

По повод отворањето на експозитурата, ТТК Банка АД Скопје подготви изненадувања за првите 100 корисници кои ќе отворат сметка, ќе ги активираат дигиталните услуги на Банката, електронско банкарство TTK E-bank и мобилно банкарство TTK M-bank или  ќе аплицираат за кредит во новата експозитура.

Високо стручниот тим ќе овозможи ефикасна и брза поддршка при изборот и користењето на финансиските производи и услуги што ги нуди Банката.

Корисниците ќе имаат можност да аплицираат за кредитни производи со вклучено ризико кредитно животно осигурување, без надоместок за одобрување, со атрактивни фиксни каматни стапки, и тоа: СМАРТ ненаменски потрошувачки кредит со фиксна к.с. од  4,85% во првите 2 години од отплатата, СУПЕР станбен кредит со фиксна к.с. од 3,45% во првите 10 години, хипотекарен кредит со фиксна к.с. од 4,70% во првите 3 години; да аплицираат за одобрување дозволено пречекорување до три плати или до две пензии за приматели на плата/пензија во Банката; да ја изберат промотивната понуда ПРОМО ФИКС за штедење во денари и во евра за физички лица како и многу други поволности. Користењето на електронско банкарство TTK E-bank и мобилно банкарство TTK M-bank Банката го овозможува без трошоци за активирање и месечно користење. На истата локација ќе биде достапна и услугата за брз трансфер на пари- MoneyGram.

Со отворањето на новата експозитура во Скопје ТТК Банка АД Скопје ја прошири својата деловна мрежа на вкупно 28 локации, од кои 8 во Скопје, а останатите 20 надвор од главниот град.

Во 2019 година, ТТК Банка АД Скопје ги оствари своите најдобри финансиски резултати, а и во 2020 година продолжува со активна поддршка на физичките и на правните лица при остварување на нивните финансиски цели и потреби. Следејќи ги пазарните трендови во правец на постојаната и сè поприсутна веб-технологија, поедноставени, брзи, 24-часа достапни услуги еден од главните приоритети на ТТК Банка АД Скопје останува постојаното вложување во новата технологија како и воведувањето нови функционалности и услуги.

ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!