Добивај вести на Viber
ТТК Банка ја намали каматната стапка на ненаменскиот потрошувачки кредит за пензионери, приматели на пензија во Банката на 9,5% годишно, со рок до 7 години и со тоа понуди најповолни услови на пазарот.
За потрошувачки кредит со пократок рок до 12 месеци, Банката нуди најниска каматна стапка од 7,5% годишно. Хипотекарниот кредит во ТТК Банка, пензионерите можат да го добијат со каматна стапка од 7,5% годишно.
Овие поволности ТТК Банка ги нуди во рамки на Премиум Смарт пакетот, со кој примателите на пензија во банката можат да добијат и дозволено пречекорување до 2 пензии, Visa electron дебитна картичка, како и пониски провизии за одобрување на кредитите.