ТУРЦИТЕ И СРБИТЕ НАЈЧЕСТИ ГОСТИ: За колку се зголемил бројот на странски туристи во август?
Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2022 16:02
Бројот на странски туристи во август e зголемен за 40 отсто. Најмногу туристи имало од Турција и Србија.
Во август годинава имало 190.855 туристи, од кои 60,9 проценти се домашни туристи, а 39,1 процент се странски. Податоците ги објави денеска Државниот завод за статистика.
Во август годинава се реализирани 835.016 ноќевања, од кои 77,7 проценти се од домашните, а 22,3 проценти од странските туристи.
Најбројни биле гостите од Турција, 11.017, по што следат тие од Србија, 7.317, Полска 5.570, Романија, 4.875, Германија, 4.353, САД со 2.347, Грција со 2.287, Италија и Бугарија над 1.800 гости. Езерските места во државава во август ги посетиле 129.616 туристи, во Скопје престојувале 36.442, додека во планинските и бањските места имало 7.923, односно 3.647 туристи. Хотелско сместување користеле 95.622 туристи. Претходните години, во време на пандемија, земјава имаше пад на туризмот.
foto freepik.com/bborriss.67
Можеби ќе ве интересира
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти




