19 Мај, 2024
0.0297

Турист загина во сообраќајка во Охрид, уште двајца тешко повредени

Објавено во: Македонија 16 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Турист загина во сообраќајна несреќа во Охрид синоќа час и пол по полноќ на патот кон Св.Наум, на крстосницата за комплексот „Инекс“, додека го возел своето друштво во доцните вечерни часови.

Се работи за 27-годишен битолчанец кој управувал „Цитроен Ц3“, со битолски регистарски ознаки. Од здобиените тешки телесни повреди, И.К. починал во болницата „Св.Еразмо“.

Тој удрил во „голф“, со охридски регистарски ознаки, управувано од А.А.(23), од охридското село Лескоец и „фолксваген пасат“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(26) од прилепското село Мало Коњаре.

Со тешки телесни повреди се здобиле и сопатниците на починатиот - М.С.(27) од Битола и И.М.(23) од Струга, кои биле префрлени во скопската клиника, каде биле пренесени и уште едно лице од Битола, кое е пренесено во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. но засега не се знае идентитетот на четвртиот патник. Имало уште еден сопатник - девојка со иницијали Д.Р.(25) од Скопје, која немала тешки телесни повреди, но била префрлена во локалната болница.

Возачите и останатите патници од другите возила не се со тешки телесни повреди, односно минале со контрола и домашно лекување.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража